10 работи кои се случуваат кога сте во љубовна врска која ви ја црпи енергијата
Сите сакаме да бидеме во позитивни, хармонични врски. Но, како за инает во животот мора да ни се случи барем една љубовна врска која ни ја црпи позитивната енергија.
Врските се далеку од лесни, но не би требало да ве полнат со негативност, напротив, би требало да се извор на мир и спокој.
Како да препознаете дали моментално сте во врска која ви ја црпи желбата и енергијата? Или пак да препознаете која од минатите врски била таква, за полесно да ја преболите?
10 работи кои се случуваат кога сте во љубовна врска која ви ја црпи енергијата:
1. Сè се врти околу вашиот партнер и неговиот живот.
2. Константно е во криза и вие сте оние кои треба да имаат разбирање дека минува низ тежок период, кој патем трае постојано.
3. Постојано внимавате на секој збор што ќе го кажете, сè што ќе направите, внимавате кои теми на разговор смее да ги отворите, а кои не.
4. Чувствувате дека сте контролирани од секој аспект – со кои пријатели сте излезени, како ги трошите парите, на што ги трошите, зошто сакате да пробате нешто ново...
5. Ви треба физички и психички одмор по неколку часа поминати со партнерот.
6. Едвај чекате да дојде денот кога нема да се видите и да си посветите малку време за себе.
7. Разговорите со партнерот ве исцрпуваат и изморуваат.
8. Константно сте негативни кога сте во негова/нејзина близина.
9. Самодовербата полека ви опаѓа, не им верувате на луѓето кога ќе ви доделат комплимент или ќе ве пофалат.
10. Чувствувате дека вашите зборови и желби не се доволно важни за да бидат слушнати.
М. Д. | Црнобело