5 типови на мажи со кои ментално силните жени не си го губат времето

Сите припаднички од понежниот пол имаат профил на партнер со кого би сакале да се забавуваат. Додека едни мечтаат за јунак што ќе се грижи за нив, другите бараат поданик над кој ќе доминираат во врската.

5-tipovi-na-mazhi-so-koi-mentalno-silnite-zheni-ne-si-go-gubat-vremeto-1.png

Ментално силните жени, пак, имаат свои очекувања, кога е во прашање изборот на партнер. Нив не ги привлегуваат фраери кои се љубоморни и без амбиција во животот. Ним им е потребен човек што ќе се гордее со нивните успеси и нема да се плаши да го слушне мислењето за себеси.

5-tipovi-na-mazhi-so-koi-mentalno-silnite-zheni-ne-si-go-gubat-vremeto-2.jpg

Ова се петте типови на мажи со кои ментално силните жени не си го губат времето:

1. Пасивен тип

Таа е жена што цврство чекори по земјата. Секако дека има свои очекувања за љубовната врска. Ако мажот не се интересира и учествува во градење на нивниот однос, тогаш таквиот партнер за неа е само џабе потрошено време. И ова добро го знае.

5-tipovi-na-mazhi-so-koi-mentalno-silnite-zheni-ne-si-go-gubat-vremeto-3.jpg

2. Љубоморен тип

За да ги постигне сопствените цели, силната жена не се крие зад другите, туку секогаш оди напред. Во секојдневниот живот соработува подеднакво со мажи и жени. Па, доколку забележи дека партнерот ја вознемирува и љубоморен е на секој нејзин чекор, набрзо ќе сфати дека не е вистинскиот за неа.

5-tipovi-na-mazhi-so-koi-mentalno-silnite-zheni-ne-si-go-gubat-vremeto-4.jpg

3. Ограничен тип

Жената која е ментално јака не се плаши да го изрази мислењето за различни теми. Ако мажот има некаков проблем со истото, тогаш ќе биде повреден или навреден, што пак негативно ќе влијае на взаемниот однос. Ова со тек на време сѐ повеќе ќе ѝ пречи.

5-tipovi-na-mazhi-so-koi-mentalno-silnite-zheni-ne-si-go-gubat-vremeto-5.jpg

4. Неодлучен тип

Жената која е одлучна во своите намери, никогаш нема да воспостави врска со маж што не ја поседува оваа особина. Неодлучниот партнер ќе почне да ја фрустрира, така што порано или подоцна, тиквата ќе пукне меѓу нив.

5-tipovi-na-mazhi-so-koi-mentalno-silnite-zheni-ne-si-go-gubat-vremeto-6.png

5. Надмен тип

Силната женае амбициозна и тежнее кон остварување на целите кои си ги поставила. Доколку запознае маж што воопшто не ѝ ги вреднува успесите, ниту пак е горд на партнерката, вложувањето во односот со таков човек е еднакво на промашена инвестиција.

5-tipovi-na-mazhi-so-koi-mentalno-silnite-zheni-ne-si-go-gubat-vremeto-7.jpeg

М. А. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg