Што да правите кога вашиот партнер работи премногу?
Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често работат на повеќе места за да можат да обезбедат подобра заработувачка. Но, што кога едниот партнер тоне во работа и го запоставува другиот?
Кога едниот партнер работи многу и се посветува само на работата, може да се очекува и дека ќе има работа ноќе и за викенди, што некогаш може да значи и откажан план во последен момент.
Сето тоа е решливо кога не се случува пречесто, но ако работата стане секојдневие, може да предизвика лутина и бес кај другиот партнер.
Секако, разбирањето во ваквите ситуации е клучно, но не може да се направи ништо против тоа да помислите дека работата на вашиот партнер му е поважна од вас - тоа е, едноставно, природна реакција.
Постојат две можни решенија за ваквата ситуација од кои едното е краткорочно, а другото е за подолг план.
Краткорочно решение
Ако пречесто му велите на партнерот дека цело време работи, запрете за момент и преслушајте сè што се случува.
Разговарајте и обидете се да дознаете дали прекувремената работа е токму она што ви пречи или постои и нешто друго што не ви дава мир.
Разговарајте, објаснете си ја еден на друг ситуацијата. Работете на решавањето на проблемот заедно.
Не барајте ветување за слободен викенд или попладне, бидејќи може да се случи да не биде исполнето. Имајте и вие разбирање, но обидете се да му кажете на партнерот, на најмирен начин, дека се чувствувате запоставено.
Не напаѓајте, туку натерајте го самиот да најде решение и поинаку да ги организира работните часови.
Долгорочно решение
Иако можете да ја дијагностицирате причината зошто вашиот партнер се дави во работа, решението за проблемот може да биде доста покомплицирано.
За решението да биде подолгорочно и да не се сведува само од договори ден за ден, обидете се да ги вклопите заедничките и индивидуалните рутини во врската.
Секако, не очекувајте дека партнерот ќе намали со работа, но можете да поминувате време заедно дури и додека тоа се случува.
Ако не живеете заедно, однесете ѝ/му храна или десерт, останете заедно уште неколку часа, а потоа разговарајте.
Предложете прифатливи решенија, од типот повеќе работа преку работните денови, за да може да се изведе слободен викенд и слично.
Покажете разбирање, па дури и понудете ја вашата помош.
Секако, важно е партнерот да ја разбере и вашата потреба за квалитетно заедничко време, бидејќи доколку нема разбирање за тоа, вашиот труд е залуден.
Е. Д. | Црнобело / фото: depositphotos.com