Типови на момци со кои не треба да се плеткате

Ви прикажуваме неколку типични профили на момци од кои треба да се пазите. Немојте после да кажете дека не сме ве предупредиле. Па мислам дека може да почнеме...

 

 

 

businessmanТип бр.1 Шизик - воркохолик
Секогаш спастрен од глава до пети, зошто е полн со кеш. Но, ова добро пакување доаѓа со добра цена. Се утепува од работа, потоа се опушта и се забавува како денес да е неговиот последен ден на земјата.

Поголемиот дел од вашето заедничко врeме нема да го поминувате со него, туку со неговиот BlackBerry.

Вистината од која не се бега е дека - парите се неговата најголема љубов, а вие сте или на второ или на трето место, зошто е многу веројатно да се плетка со неговата асистентка.

 

 

UpsideDownGuy

Тип бр.2 Зависник од адреналин
Ова типче скија, борда, сурфа, трча...се што е поврзано со таа брзина. Тоа можете да го забележите по неговите мускули и неодоливи раце. Но, за да го усреќите и вие треба да се префрлите на тоа темпо.

Момчето не сака да седи по дома, и не сака вие исто да седите по дома. Немојте да мислите дека ова му е само фаза во неговиот живот. Кога ќе стигне до 30та година ќе почне да се пријавува по маратони каде ќе постои тешка конкуренција.

Тоа би значело дека долоку би оделе на одмор некаде на егзотично место, нема да може едноставно да седите и уживате, ќе мора да го забавувате... Уште ви е досадно?



male-fashion-modelТип бр.3 Фино момче со мува на капата
Со не толку впечатлив избор на облека, за да си помилите дека е приземно момче , но тоа што вие не знаете е дека тој има своја тајна.
Поминува исто толку време ако не и повеќе како и неговите другари зависни од мода, кога одбира што ќе облече вечерта.

Овие момци најчесто се истакнуваат во друштвото со зборовите: Што ли прави таа девојка со тој дечко, еден ден ќе и дојде паметот и ќе си најде некое фино момче како мене.
Вистината е дека е толку преокупиран да биде забележан што цело време насекаде сака да биде центар на внимание

 

jhartnettТип бр.4 Глаток Оператор
Тој е типот кој влага од ВИП делот во дискотеката, резервира сепаре и цела вечер без престан ве части пијачки. Освојува девојки со најобични муабети, ги има вештините на Кзанова. Но ова типче мириса на невоља.
Тој ја добива целата ваша доверба за на крај да ви ја тресне во лице.

Внимание добивате постојано, но бидете претпазливи, може не сте единствените кои го добиваат истото внимание.

Би можело да ве интересира:

Исповеди од жени за нивните скржави партнери: „Дечко ми ме нема ниту еднаш почестено“ „Мојот дечко е богат, но секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му ...
„На 74 години имав најисполнет сексуален живот“: Познатите дами за сексот над 50-тата година „Еден од најголемите митови е дека ја губите сексуалноста со текот на годините“,...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
Знаци дека сте во врска со партнер кој ве контролира (дури и ако не ви изгледа така), според психија... „Сум имал многу пациенти кои биле во врска со партнер кој ги контролира и, во по...
Најбизарните изговори за изневерување кои луѓето ги слушнале од нивните поранешни партнери „Ме изневери додека бев бремена бидејќи бил под стрес од бременоста“. „Ме изн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg