Најбизарните изговори за изневерување кои луѓето ги слушнале од нивните поранешни партнери
„Ме изневери додека бев бремена бидејќи бил под стрес од бременоста“.
Повеќето ги презираат луѓето кои изневеруваат, но изневерените партнери секогаш сакаат да ја дознаат и причината.
Иако многумина се согласуваат дека не постои доволно добра причина за неверство, некогаш оправдувањата на неверните партнери се дури и комични.
На Редит, форумџиите ги споделуваат најбизарните изговори што ги слушнале од нивните поранешни партнери.
Дел од нив во продолжение:
„Поранешниот сопруг ми рече дека јас сум виновна што ме изневерил, бидејќи не сум ги задоволувала неговите потреби. Тој период тој беше невработен, јас имав две работни места, а бев и бремена“.
„Ми рече: ’Не се чувствувам добро по смртта на баба ми‘. Тогаш имавме 21 година, а баба му починала кога имал 7“.
„Бившиот ми рече дека заборавил дека сме во сериозна врска. Тогаш живеевме заедно“.
„Само ми рече: ’Ако ја видиш, ќе разбереш‘“.
„Ме изневери додека бев бремена бидејќи бил под стрес поради бременоста“.
„Не бил сигурен дека го сакам, а бевме свршени“.
„Ми рече: ’Вежбав со друга за да бидам подобар за тебе‘“.
„Бившиот ми рече дека додека бил со друга, цело време мислел на мене, па тоа не било изневерување“.
„Ми рече: ’Бев тажен и ми требаше некој, а ти не беше овде‘. Бев на погреб кај член од семејството…“
„Мислела да ми раскине два дена пред да ме изневери, ама заборавила“.
„Ме изневерил бидејќи баба му била многу болна“.
„Не сакал да ја одбие девојката што му се додворувала, за да не ѝ ги повредел чувствата“.
„Поранешниот сопруг само ми рече: ’Знаев дека ќе се налутиш, ама не очекував да се налутиш толку многу‘“.
Спирова С. | Црнобело