Исповеди од жени за нивните скржави партнери: „Дечко ми ме нема ниту еднаш почестено“

„Мојот дечко е богат, но секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му давам пари за гориво. За Божиќ му подарив секакви додатоци за неговиот гејминг компјутер, а тој ми даде пластично ланче, празна рамка за слика и кадифен диносаурс. Што ќе ми е ова ѓубре?“.

ispovedi-od-zheni-za-nivnite-skrzhavi-partneri-dechko-mi-me-nema-nitu-ednash-pochesteno-01.jpg

Во ред е да се штеди и да не се трошат залудно пари, но никој не сака скржави партнери, кои се плашат да потрошат денар на своите сакани.

Не станува збор за живеење на туѓа сметка, туку за покажување внимание и кавалерство.

На онлајн форумите, на тема скржави мажи, кои трошат пари на свои потреби, а на партнерките штедат и се стискаат, неколку жени имаат оставено своја исповед.

Доколку и вие се наоѓате во таква ситуација, да знаете – не сте единствени.

Прочитајте неколку во продолжение:

„Имав дечко што не одеше никаде со мене, не плаќаше за мене никаде и кажуваше дека нема пари. Но, често му наоѓав сметки за секакви работи на кои трошел пари, а не се неопходни.

Еден ден шетавме, беше топло и ме праша дали сакам сладолед. Бев изненадена и реков да. Влеговме во слаткарница, јас избрав вкус, а тој рече – зошто не плаќаш? Реков дека веќе не ми се јаде.

Тој си купи за себе, си го изеде со сласт и потоа раскинавме“.

ispovedi-od-zheni-za-nivnite-skrzhavi-partneri-dechko-mi-me-nema-nitu-ednash-pochesteno-04.jpg

„Се гледав со еден дечко неколку месеци и почнав да забележувам дека е многу скржав. Двајцата сме студенти и живееме со родителите, но за разлика од мене, тој е од богато семејство.

Постојано оди на патувања и одмори, студира во странство, носи брендирана облека и скапа опрема. Но, го брои секој денар, се плаши да потроши малку повеќе на мене, не ме кани да излеземе, доаѓа да ме посети со празни раце...

Ако некогаш ми подари нешто, тоа е букет од не толку убави цвеќиња или мирислива свеќа. Кулминација беше кога го поканив да ме посети во мојот град, а тој ми рече – дај ми пари за гориво и ќе дојдам“.

„Пред неколку дена дечко ми ме запроси. Бевме во сендвичарница, клекна на колено и ми даде сребрен прстен. Не сакав да го засрамам и тивко прифатив.

Проблемот беше што имаме разговарано на темата, и јас имам кажано дека сакам сите мои блиски да се таму, дека сакам да е романтична атмосфера и сл.

И знае добро дека мразам сребро. Сега се сомневам дали сакам да се омажам со него, ако не ме испочитува за ниту една желба“.

ispovedi-od-zheni-za-nivnite-skrzhavi-partneri-dechko-mi-me-nema-nitu-ednash-pochesteno-03.jpg

„Еден месец пред мојот роденден му кажав на сопругот дека сакам да одам на масажа. Неколку дена пред роденденот, тој повторно ме праша што сакам.

Се изнервирав и реков дека ми е сеедно што ќе ми подари. Дојде денот. Тој ми зготви појадок, ми подари цвеќе и ме покани на вечера.

Но не добив подарок. Потоа прашав дали навистина нема некакво изненадување. Тој беше изненаден и рече – нели не сакаше ништо? Откако го потсетив, рече дека заборавил“.

„Во врска сме 2 години. На Божиќ потрошив 3 часа во патување за да му купам подарок на дечко ми. Бев нерасположена, но ме водеше помислата дека ќе го израдувам со кул подарокот што го смислив.

Кога дојдов дома го прашав кога да му дадам подарок, а тој ми рече дека ми нема ништо купено, затоа што немал слободно време. Иако, си доаѓа дома секој ден пред мене и не прави ништо навечер. Се разочарав“

ispovedi-od-zheni-za-nivnite-skrzhavi-partneri-dechko-mi-me-nema-nitu-ednash-pochesteno-02.jpg

„Мојот дечко е богат, но постојано инсистира на тоа дека носи евтина облека. Секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му давам пари за гориво.

За Божиќ му подарив секакви додатоци за неговиот гејминг компјутер, а тој ми даде пластично ланче, празна рамка за слика и кадифен диносаурус.

Јас сум возрасна жена, што ќе ми е ова ѓубре? Си кажав што мислам, тој се налути и ме нарече неблагодарна. Не знам што да правам, но ова ме лути“.

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Повозрасни жени откриваат: „Да бирав одново партнер, која карактеристика ќе сакав да ја има?“ „Клучно би ми било да знае да готви и чисти, а не да се однесува како дете за ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg