Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Луѓе кои го фатиле неверниот партнер на дело ги споделуваат нивните (луди) искуства

„Се вратив еден ден порано од деловно патување. Дома ме пречека сопругата прегрната со нејзиниот ’пријател‘ – нашите две деца беа со нив“.

lugje-koi-go-fatile-neverniot-partner-na-delo-gi-spodeluvaat-nivnite-ludi-iskustva01.jpg

Кога едниот партнер е неверен, другиот може да дознае за аферата ако му го провери телефонот или лаптопот, или, пак, ако слушне од некој пријател или познаник.

Но, некогаш луѓето ги фаќаат партнерите на дело, а ова сигурно е најболниот начин да дознаат за неверството.

Луѓе кои ги фатиле своите (поранешни) партнери со друг ги споделуваат искуствата:

„Ја фатив девојка ми со друг маж во мојот кревет. Ја прашав што прави, ми кажа дека јас сум ѝ дал клуч и бидејќи тој ден не била на работ, сакала да ме изненади…“

„Бев на деловно патување и се вратив еден ден порано од планираното. Кога влегов дома, ја начекав сопругата во дневната, прегрната со нејзиниот ’пријател‘. Со нив беа и нашите две деца. Не можам да опишам колку бев гневен“.

„На факултет, бившиот почнал да се гледа со две девојки додека бевме заедно. Еднаш отидов кај него ненајавена бидејќи имав обврски во близина на неговиот дом и го фатив со двете во кревет“.

lugje-koi-go-fatile-neverniot-partner-na-delo-gi-spodeluvaat-nivnite-ludi-iskustva-02.jpg

„Имам братучетка со која бевме блиски како сестри и која еднаш беше кај нас на гости. Тогаш имавме новороденче со сопругот и отидов да го успијам на горниот кат. Кога се вратив во дневната, братучетката и сопругот се бакнуваа“.

„Се вратив од деловно патување четири часа порано. Сопругата требаше да биде на работа. Но, кога влегов дома, ја здогледав на креветот во дневната, топлес, како се бакнува со нејзин колега.

Тој истрча надвор, а сопругата се заклучи во тоалетот. Седев околу цел час во дневната бидејќи не знаев што да правам. На крај, само излегов од дома да си ги расчистам мислите“.

„Не јас, но еден поранешен колега. Имавме состанок и тој требаше да пушти презентација. Но, кога ја стави мемориската картичка, на екранот се појавија фотографии од неговата сопруга со друг маж.

Сите молчевме и јас само ја подадов раката да го исклучам екранот. Колегата излезе, влезе го неговиот автомобил и цела недела не се појави на работа“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...
„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg