5 знаци дека сте направиле грешка со вселувањето со партнерот (и не сте компатибилни за брак)

Партнерот не ја почитува вашата приватност и воопшто не се ангажира околу домашните обврски.

5-znaci-deka-ste-napravile-greshka-so-vseluvanjeto-so-partnerot-i-ne-ste-kompatibilni-za-brak-01.jpg

Вселувањето со партнерот во ист дом е огромен чекор за секоја врска.

За разлика од порано, денес паровите почнуваат да живеат заедно пред да се венчаат бидејќи ова е како тест за тоа што ќе ги чека доколку во иднина стапат во брак.

Доколку сфатат дека не се компатибилни за заеднички живот, кога ќе се венчаат, проблемите можат и да се влошат.

Па, кои се знаците дека веројатно не сте компатибилни со партнерот и сте направиле грешка што живеете заедно?

Партнерот воопшто не се ангажира околу домот

Дали партнерот очекува вие да чистите и да готвите за него, без тој да мрдне со прст?

Ако ова е проблем што не можете да го надминете сега, имајте на ум дека слично ќе биде и откако ќе стапите во брак, а можеби и полошо откако ќе добиете деца и ќе имате дополнителни обврски.

Партнерот не го почитува вашиот простор

Не значи дека треба да бидете 24/7 со партнерот само затоа што живеете заедно.

Ако партнерот не ви остава простор и време за себе, особено кога имате обврски од работа или нешто слично, ова може да прерасне во поголем проблем со текот на времето.

5-znaci-deka-ste-napravile-greshka-so-vseluvanjeto-so-partnerot-i-ne-ste-kompatibilni-za-brak-03.jpg

Партнерот не ја почитува вашата приватност

Иако живеете заедно, нормално е вие да имате ваши, а партнерот негови работи.

Ако партнерот без дозвола ви го проверува телефонот, ви го чита дневникот и генерално ви ја нарушува приватноста, мора да разговарате за тоа.

5-znaci-deka-ste-napravile-greshka-so-vseluvanjeto-so-partnerot-i-ne-ste-kompatibilni-za-brak-02.jpg

Партнерот сам одлучува за сè

Штом живеете заедно, некои одлуки ќе мораат да бидат заеднички.

Ако, на пример, партнерот сака да викне гости додека вие сте дома, тогаш би требало да се консултира со вас.

Партнерот не прифаќа компромис

Бидејќи многу одлуки се заеднички, со партнерот ќе треба да правите компромис за многу нешта.

Но, ако партнерот секојпат одбива да најде заедничко решение и само вие сте личноста која жртвува нешто за врската, долгорочно, нема да бидете среќни со него.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg