Жени откриваат: „Зошто останав со мажот кој ме изневери?“

„Останав со него бидејќи и јас го изневерив. Си простивме и заедно сме веќе 17 години – сега сме подобри личности“.

zheni-otkrivaat-zoshto-ostanav-so-mazhot-koj-me-izneveri-01.jpg

За повеќето, неверството значи крај на врската или бракот.

Сепак, во некои околности, луѓето сметаат дека треба да му дадат уште една шанса на неверниот партнер, без разлика дали бидејќи имаат деца, бидејќи се свесни дека партнерот се кае или поради нешто друго.

На Редит, неколку жени откриваат зошто одлучиле да му простат на неверниот партнер:

„Ја знаев целата приказна за неверството и знаев дека не е закана за нашата врска. Накратко, го прашав дали планирал да ме изневери, што мисли тој за тоа, како се чувствувал…

Немаше никогаш да знам дека ме изневерил ако самиот не ми кажеше. Генерално, мислам дека неверството не е така црно-бело како што го прават“.

„Не пробуваше да ми ја префрли вината и ја презеде одговорноста за неверството. Одеше на психијатар, а одевме и на брачен советник. Ми ги кажа сите негови лозинки.

Поминаа неколку тешки години, но сега повторно му верувам. Понекогаш чувствувам несигурност и му го проверувам телефонот, но ова се случува многу ретко.

Среќна сум што му дадов уште една шанса бидејќи тој ми е и најдобриот пријател“.

zheni-otkrivaat-zoshto-ostanav-so-mazhot-koj-me-izneveri-02.jpg

„Бевме заедно долг период и изградивме заеднички живот, па ми изгледаше страшно да бидам сама. Среќна сум што му простив и не жалам за тоа. Ми докажа дека не погрешив.

Заедно сме 12 години, во брак сме пет и го очекуваме првото дете. Но, ако уште еднаш ме изневери, нема да му простам“.

„Дознав дека ме изневерил многу подоцна. Тогаш, во младоста, се однесуваше многу детинесто. Го натерав да ми каже што се случи и три месеци не контактиравме, пред да се смириме.

На почетокот поставивме многу правила. Почнавме заедно да одиме во црква, работевме на комуникацијата и успеавме да го надминеме проблемот.

Помислувам на неверството скоро секој ден, но знам дека сопругот жали. Не дека не сум повредена, но знам дека навистина ме сака“.

zheni-otkrivaat-zoshto-ostanav-so-mazhot-koj-me-izneveri-05.jpg

„Ми беше јасно дека неверството не е нешто што сакал да го направи. Добра личност е и вреди да се борам за него.

Сакав да му дадам уште една шанса и среќна сум што му ја дадов. Една деценија подоцна, нашата врска е подобра од кога било“.

„Кога првпат ме изневери, останав со него бидејќи самиот ми кажа – не сакал да дознаам од некој друг.

Тогаш мислев дека ова е знак дека никогаш повеќе нема да ме изневери. Но, погрешив.

Не го напуштв за другите неверства бидејќи ми беше страв да бидам сама“.

zheni-otkrivaat-zoshto-ostanav-so-mazhot-koj-me-izneveri-03.jpg

„Останав со него бидејќи и јас го изневерив. Си простивме и си ветивме дека ќе почнеме одново.

Ова беше пред 13 години, а есенва ќе ја славиме 17-тата годишнина. Сега сме подобри личности отколку порано“.

„Татко ми постојано ја изневеруваше мајка ми во 40-те години што беа во брак. Биле пар уште откако мајка ми имала 14 години.

Сите ние (децата) пораснавме и не знам зошто уште е со него. Мислам дека е поради ниската самодоверба, но којзнае.

Би сакала да го остави и сите ја поддржуваме, но таа сепак останува со него“.

zheni-otkrivaat-zoshto-ostanav-so-mazhot-koj-me-izneveri-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg