Исповед на зависник од секс: „Ја изневерив сопругата со 300 жени уште пред да се венчаме“ (18+)
„И покрај неверствата, имав секс и со сопругата скоро секој ден. Неретко бев многу груб и од неа барав многу бидејќи стандардните секс пози не ме задоволуваа. Кога ми беше здодевно (со сопругата), онлајн се договарав да имам секс со други жени“.
Маж од Англија за Daily Mail ја споделува својата битка со зависноста од секс. Вели дека сега се контролира, но додека да добие помош, си го уништил животот, ги повредувал луѓето што го ценат и си го растурил бракот со жена која вистински го сакала.
Неговата исповед во продолжение:
„Јас сум зависник од секс. Имам хронично, деструктивно нарушување, исто како оние кои се зависни од алкохол, дрога, храна, коцкање… Како и кај нив, мојата зависност ми ги уништи врските, мојата самодоверба и моето ментално здравје. Но, учам како да се справам со неа.
Не бев свесен колку сум бил заробен во мојата зависност и колку ги повредував другите, сè додека не отидов кај брачен советник со поранешната сопруга пред седум години, откако сфатив какви последици има моето однесување кај неа.
За време на првиот разговор со терапевтот, бившата сопруга плачеше додека зборуваше за тоа како нашиот брак направил да се чувствува безвредно, како едвај се справувала со моите барања за секс и до петпати дневно и како се сомневала во себе кога и покрај тоа, јас се искрадував да гледам порно.
Вистината е дека таа не знаеше ни пола од она што се случува. Ноќите кога излегував да шетам бидејќи не можев да спијам, јас всушност бев со проститутки и ’собирав‘ непознати луѓе по барови.
Додека да се венчаме, пет години откако почнавме да се гледаме, јас спиев со над 300 жени зад грбот на сопругата.
Секој петок се тестирав за сексуално преносливи болести бидејќи обично ја изневерував сопругата кога бев на работа или на деловни патувања.
На крај, терапијата не можеше да ги поправи моите грешки. Скршена од моите лаги и моето барање за секс, таа поднесе барање за развод.
Кога размислувам за моето минато, веројатно сум зависен од секс уште од моите рани 20-ти. Сега имам 41 година.
Првпат имав секс на 15 години со мојата тогашна девојка. Бевме заедно уште три години и нашата сексуална врска беше најнормалната што сум ја имал.
Раскинавме кога завршивме средно и јас одлучив дека треба да имам секс со многу жени додека сум на факултет.
Откако спиев со жена што ја запознав една вечер, бев изненаден од тоа колку лесно беше да ја одведам во кревет. Па, почнав натпревар со мојот најдобар пријател – да видиме кој ќе може да спие со повеќе жени.
Сега сум сигурен дека мојата зависност потекнува оттаму.
Од тој момент, каде и да одев бев фокусиран на тоа да спијам со некоја жена. Не ми беше важно дали ме привлекува, сексот беше она што е важно.
Никогаш не го гледав моето однесување како проблем. Мислев дека тоа е нормално за млад маж кој е сингл.
Ова се случуваше додека ја сретнав Џулија, бившата сопруга, кога јас имав 25, а таа 24 години и навистина ме привлекуваше.
Првпат по седум години, почнав моногамна врска.
Имавме секс и по десетпати неделно. Но, како што ни наближуваше првата годишнина, почнав да чувствувам здодевност, па имав секс со бивша девојка.
Потоа, поради работата имав многу деловни патувања и можев да спијам со многу жени.
Џулија не знаеше ништо за мојот двоен живот. Кога се венчавме, ѝ ветив дека ќе ѝ бидам верен. Но, набрзо сфатив дека не сум способен за тоа.