Исповед на зависник од секс: „Ја изневерив сопругата со 300 жени уште пред да се венчаме“ (18+)
Никој не знаеше за мојата зависност од секс. Но, чувствував голем срам.
Наместо да барам помош, мислев дека ако не си признаам дека сум зависен од секс, зависноста ќе исчезне. Секако, тоа не се случи.
И покрај неверствата, имав секс и со сопругата скоро секој ден, повеќе отколку што сакаше таа.
Неретко бев многу груб и од неа барав многу бидејќи стандардните секс пози не ме задоволуваа.
Имав колекција секс играчки, вклучувајќи и скапи секс кукли. Кога ми беше здодевно (со сопругата), онлајн се договарав да имам секс со други жени.
Не ми требаше хотел за тоа, доволно ми беше да отидеме во мојот автомобил или јавен тоалет.
Кога сопругата спиеше навечер, јас гледав порно.
Две години откако се венчавме, Џулија ме праша за мојата опсесија со порно и груб секс, но го избегнав разговорот.
По три години, Џулија откри дека имав секс со друга жена. Не внимавав и дознала. Беше повредена и гневна, но одлучивме дека брачниот советник ќе ни го спаси бракот.
Го знаете останатото и, кога Џулија поднесе барање за развод, почнав да се уништувам – спиев со повеќе од десет жени неделно. Дотогаш ми стана јасно дека ми треба помош.
Ова ми стана уште појасно кога ја запознав мојата сегашна девојка во 2021 година.
Првата ноќ имавме секс и разговаравме до утрото. Ѝ направив појадок и решив да ѝ кажам сè – за проститутките, порното, неверствата…
Нејзина реакција ме шокира. Мајка ѝ била алкохоличар, па ѝ беше јасно што прави зависноста. Одлучи да ми даде шанса.
Неколку месеци подоцна најдовме специјалист кој ме дијагностицира со зависност од секс. Со помошта од експертот, почнав да ја контролирам зависноста. Се научив на самоконтрола.
Би рекол дека сега зависноста ми е под контрола, но уште работам на тоа. Бидејќи – кога еднаш си зависник, секогаш си зависник.
Сфатив дека ми е тешко да се контролирам на забави и во ноќни клубови, па ги избегнувам.
Засега сум благодарен за девојка ми и терапевтот кои остануваат покрај мене.
Но, од друга страна, длабоко жалам за многуте жени кои ги искористив, вклучувајќи ја и бившата сопруга“.
Погледнете и: Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“
Спирова С. | Црнобело
фото: depositphotos.com