Најголеми грешки што ги прават партнерите по разводот, според адвокатка на славни личности
Ким Кардашијан, Бритни Спирс и Аријана Гранде се дел од познатите личности кои ги застапувала адвокатката за разводи Лаура Васер, која открива кои се најголемите грешки што ги прават паровите по развод.
Јасно е дека разводот може да биде болна тема, но како што вели адвокатката Лаура Васер, која застапувала бројни познати личности, постојат многу грешки кои партнерите ги прават по разделбата.
„Кога емоциите се сè уште присутни, најдобро е да ги оставите овие спорови на вашиот адвокат. Но, ќе заштедите многу пари и време ако едноставно го исклучите посредникот.
Најголемата грешка што ја прават паровите е тоа што немаат увид во она што се случува.
Ако дозволите адвокатите да преземат контрола над тоа - треба да имате и на ум дека ние адвокатите заработуваме пари од вашиот конфликт".
Просечната цена на неоспорен развод на кој работи Васер е помеѓу 1.500 и 5.500 долари, додека, пак, спорниот развод чини од 40.000 до 140.000 долари.
„Не велам дека адвокатите за развод се лоши луѓе, само велам дека нашата работа е да ги расправаме работите наместо вас.
Некои од вас не сфаќаат дека нашата најголема работа или должност е да ги поправиме работите".
„Вратете ја контролата. Напишете како се чувствувате. Погледнете дали има нешто што можете да го смислите заедно. Ова е возможно, а многу парови забораваат на тоа".
Според Лаура, со комуникација со партнерот можете да избегнете големи конфликти.
Иако сте решиле да се разделите, сепак треба да останете во добра комуникација без разлика дали тоа е поради децата или поради почит кон заедничките моменти кои сте ги поминале.
За жал, најчеста причина поради која луѓето се разведуваат, вели Васер, е затоа што не можат да комуницираат.
Според неа, додека се во брак, партнерите треба постојано да комуницираат за работите кои ги засегаат и двајцата, бидејќи токму тоа е клучот на успешниот брак.
„Затоа што не развивате алатки за комуникација кога работите одат добро, тогаш кога работите не одат добро, обично немате можност да зборувате за нив, но ако можете да најдете начин да го пренесете она што го чувствувате и што е важно за вас, ќе биде многу поисплатливо отколку адвокатот да ви ја пренесе пораката и тоа како вие се чувствувате“, посочува таа.
„Обидете се да не дозволите емоциите, болката, стравот или гневот да ги диктираат околностите на вашите дискусии или преговори.
Обидете се да ги задржите вашите емоции надвор од процесот на развод и работите ќе се движат во правилен тек“.
Најважно е во бракот да се чувствувате слободни и да можете да комуницирате со партнерот како најдобри пријатели, тој треба да биде првиот на кого ќе се потпрете.
Според Лаура, вистинското време да се разведете е кога лошото почнува да го надминува доброто.
В. К. | Црнобело