10 работи што ги прави партнерот кој ве цени и вистински ве сака

Си ги признава грешките, ви дава комплименти и секогаш знае како да ве изненади и да ви го разубави денот.

10-raboti-shto-gi-pravi-partnerot-koj-ve-ceni-i-vistinski-ve-saka-01.jpg

Во врската важни се довербата и љубовта, но и малите ситници кои долгорочно сепак значат многу.

10 работи што ги прави партнерот кој ве сака:

Го почитува своето семејство

Има добар однос со членовите на семејството и си покажуваат почит еден на друг.

Си помагаат едни со други и кога се соочени со конфликт, го решаваат смирено.

Ве поддржува

Дури и ако некогаш не се согласува со вас, ве почитува во вашите амбиции.

Знаете дека можете да се потпрете на него, особено во тешките мигови.

10-raboti-shto-gi-pravi-partnerot-koj-ve-ceni-i-vistinski-ve-saka-02.JPG

Дарежлив е

Ова не се однесува со на купување подароци и слично, туку дарежлив е со вас и емоционално.

Не чувствувате дека треба да молите за неговото внимание или за неговата љубов.

Си ги признава грешките

Кога ќе направи грешка, не пробува да избегне одговорност.

Наместо тоа, отворен е за разговор, пробува да ви се извини и сака да се подобри.

10-raboti-shto-gi-pravi-partnerot-koj-ve-ceni-i-vistinski-ve-saka-04.JPG

Флертува со вас

Дури и ако сте заедно многу години, сака да флертува со вас и да ве заведува.

Заедно сте како тим

Делите сè во животот и тој ве гледа како партнер еднаков на себе.

Не пробува да покаже доминантност и сака кога заедно донесувате одлуки што ве засегаат и двајцата.

10-raboti-shto-gi-pravi-partnerot-koj-ve-ceni-i-vistinski-ve-saka-05.JPG

Вреден е

Се труди во својата област и сака и двајцата да бидете финансиски стабилни.

Не бега од обврски и знаете дека можете да се потпрете на него.

Ви дава комплименти

Не заборава да ви каже колку убаво изгледате или да ве пофали кога ќе направите нешто добро или ќе успеете.

10-raboti-shto-gi-pravi-partnerot-koj-ve-ceni-i-vistinski-ve-saka-07.JPG

Секогаш има време за вас

Иницира да правите работи заедно, да одите на состаноци и, генерално да минувате квалитетно време заедно.

Сака да ве изненадува

Да ви направи ручек, да ви донесе букет, да ви го купи омиленото чоколадо…

Секогаш наоѓа начин да ве изненади и да ви го разубави денот.

10-raboti-shto-gi-pravi-partnerot-koj-ve-ceni-i-vistinski-ve-saka-08.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg