Жени споделуваат смешни (и засрамувачки) незгоди од секс за време на бременост

„Бев околу четвртиот месец во бременоста и користевме некој нов лубрикант, како масло за масажа. Го масирав насекаде и потоа решив да му понудам орален секс. Заборавив дека лубрикантот не беше за јадење и повратив уште во истиот момент“.

zheni-otvoreno-zboruvaat-za-smeshnoto-i-nezaboravno-seksualno-iskustvo-za-vreme-na-bremenosta-01_2.jpg

Доколку е дозволено од лекар, сосема е безбедно да имате секс за време на бременоста, затоа што со тоа нема да го повредите вашето бебе. Но, во бременоста сите работи се поинакви, па така и сексуалниот чин може да биде забавен, но и незгоден во исто време.

За веб-сајтот Woman’s Day, храбри жени отворено го искажале своето сексуално искуство за време на бременоста, што веруваме дека ќе измами насмевка на вашето лице.

Во продолжение проследете ги нивните изјави:

„Бев околу четвртиот месец во бременоста и користевме некој нов лубрикант, како масло за масажа. Го масирав насекаде и потоа решив да му понудам орален секс.

Заборавив дека лубрикантот не беше за јадење и повратив уште во истиот момент. Сè. Насекаде. На него“ – Линдзи, 31 година.

„Очајно сакав да предизвикам породување, па му се јавив на сопругот додека беше на работа, за да дојде дома накратко на ручек.

Неговиот одговор беше: ’Но, ќе одам да примам вакцина против грип!‘ Ете толку не сакаше да има секс со неговата жена во поодмината бременост“ – Ешли, 39 години.

„Бев осми месец бремена, кога за време на сексот нозете ми попуштија и паднав силно на задникот. Не можев дури ни да станам. Сопругот се смееше толку силно што не можеше да ме крене!“ – Криста, 31 година.

„Ме прашуваше дали кога ќе имаме секс ќе го удри бебето во окото. Не знаев како да му одговорам без да направам да се чувствувал како мало дете, па му реков дека имам прочитано во книга дека бебето ќе биде добро“ – Кети, 37 години.

zheni-otvoreno-zboruvaat-za-smeshnoto-i-nezaboravno-seksualno-iskustvo-za-vreme-na-bremenosta-02.jpg

„Се чинеше дека единствената удобна позиција за мене беше кучешката поза. Откако почнавме навистина да се впуштаме во неа, гласно испуштив гас. По ова, дефинитивно правевме малку пауза од секс“ – Керолин, 27 години.

„Имавме секс обидувајќи се да предизвикаме породување, бидејќи веќе ми беше помината 40-тата недела од бременоста и не можев да издржам повеќе.

Додека бевме во кучешка поза, почувствував како ми излегува вода и мислев дека ми попуштил мочниот меур. 30 секунди подоцна, откако почнав да добивам интензивни грчеви, сфатив колку згрешив.

Ми пукна воденикот!“ – Даниела, 32 години.

„Во групата мајки на Фејсбук сакав да објавам за едно непријатно сексуално искуство, а заспав додека го правев тоа. По грешка, објавив на мојот профил!“ – Дори, 26 години.

„Бевме во посета на неговите родители, за семејна средба еден викенд, и една вечер навистина посакувавме секс. За да го направиме тоа, моравме да се прикрадеме во бањата.

Јас сум голема девојка, а уште поголема кога сум бремена, па мојот задник буквално се заглави во мијалникот!“ – Трејси, 34 години.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg