Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Која секс поза под туш е најбезбедна и ќе ви донесе најголемо уживање, според сексолог? (18+)

Безбедна секс поза и нелизгачка постилка во бањата... Што ви е потребно за сексот под туш да биде безбеден и изводлив, според секс-експерт?

koja-seks-poza-pod-tush-e-najbezbedna-i-kje-vi-donese-najgolemo-uzhivanje-spored-seksolog-18-011.jpg

Многумина сметаат дека секс сцените под туш се само во филмовите, а во реалноста сексот во бања е неизводлив и опасен: Во секој миг некој може да се лизне и да падне, па интимниот чин да заврши со повреда.

Сексологот Миша Батл, се обиде да појасни дека и сексот под туш може да биде забавен и незаборавен, но според неа, треба да се внимава на неколку клучни работи.

Таа вели дека овој секс може да доведе до поголема интимност меѓу партнерите.

koja-seks-poza-pod-tush-e-najbezbedna-i-kje-vi-donese-najgolemo-uzhivanje-spored-seksolog-18-02.jpg

А, како што нагласува, со оглед на тоа што секс позите под туш најчесто се со стоење, освен на задоволството, партнерите треба да внимаваат и на безбедноста.

За поголема безбедност, таа појаснува дека е најдобро партнерката да се наведне нанапред и да се држи со рацете за ѕидот, додека партнерот треба да дојде одзади.

koja-seks-poza-pod-tush-e-najbezbedna-i-kje-vi-donese-najgolemo-uzhivanje-spored-seksolog-18-03.jpg

Позите во кои партнерите се гледаат очи во очи бараат поголема стабилност и цврстина кај паровите, а ако сакате да пробате некоја од овие пози, тоа е најдобро да го направите потпрени на цврста површина.

Дополнително, добро би било ако во бањата имате нелизгачка постилка.

Ако заради големата разлика во височината партнерите не можат да се впуштат во интимен чин, тогаш заедничкото туширање можат да го искористат за предигра, пред главниот чин да го преселат во спалната соба.

koja-seks-poza-pod-tush-e-najbezbedna-i-kje-vi-donese-najgolemo-uzhivanje-spored-seksolog-18-05.jpg

„Сензитивното искуство на заедничкото туширање може да ја зголеми возбудата кај партнерите – заедничкото чистење, допирите на кожата која се лизга, тесниот простор во тушот придонесуваат за поголема возбуда“ – нагласува таа.

Како главна препорака, сексологот нагласува дека ако користите лубрикант, најдобро е да се користи производ на база на силикон, затоа што треба да се измие со сапун, но нема да се измие само со вода.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg