„Не сте привлечни бидејќи сте интелигентни“: Секс експерт е мета на критики за советите за сингл жени
„Најверојатно не сте толку примамливи затоа што сте премногу интелигентни, а некои мажи се плашат од успешни жени“ – им порача секс експертот Трејси Кокс на жените кои во 30-тите години од животот сѐ потешко успеваат да го најдат вистинскиот партнер. Во коментари доби пофалби, но и критики.
Често се вели дека како жените стареат, сѐ потешко им е да го најдат вистинскиот партнер, а британскиот секс експерт Трејси Кокс има објаснување зошто е тоа така.
Трејси Кокс е позната по нејзините колумни за Daily Mail во кои дава совети за подобар сексуален живот, а сега отворено ги кажа своите ставови зошто денес има сѐ повеќе сингл жени, кои не можат да го најдат вистинскиот партнер и тешко им оди да основаат семејство.
„Ако вашата мотивација е да се омажите и да имате деца и тоа е вaшата единствена мотивација, тогаш ќе најдете партнер рано во животот и ќе завршите работа.
Но, ако вашата мотивација е да завршите факултет, да изградите кариера, а потоа да добиете деца, на 30 години ви се случува да барате некој, но не можете, затоа што (тој) веќе најверојатно е зафатен.
Мажите во основа не сакаат да бидат со успешни жени, освен ако и самите не се успешни“ – појаснува Трејси.
Според секс експертот, бројот на успешни жени се зголемува, но бројот на успешни мажи станува сѐ помал, па затоа ако сакате да најдете љубов подоцна во животот нешто ќе мора да жртвувате.
„Успешните жени сакаат да најдат успешен маж. Но, решението е во тоа жените да почнат да гледаат поинаку на работите и да почнат да бараат мажи без диплома.
Мора малку да ги намалите желбите, да не бидете толку ригорозни во барањата, па да почнете да барате други квалитети како љубезност, дарежливост и смисла за хумор, а да не гледате само колку заработува мажот.
Во основа доволно е да постои хемија и привлечност за да бидете среќни“ – вели таа.
Според Трејси, жените само се залажуваат дека можат да имаат сѐ во животот, а дека тоа што тешко наоѓаат партнери не се должи на нивната привлечност.
„Најверојатно не сте толку примамливи затоа што сте премногу интелигентни, а некои мажи се плашат од успешни жени“ – појаснува таа.
Коментарите за нејзината изјава се поделени: додека едни веруваат дека жените треба да ги намалат своите стандарди, други велат дека само мажите што длабоко се несигурни во себе би имале проблем да бидат со успешна жена.
„Успешните жени само сакаат да го сочуваат својот спокој. Поенатата е дека избираат да бидат сингл, а не да ги намалат своите стандарди. Нема потреба да барате од жените да се менуваат, тоа не е во ред“ – напиша една нејзина следбеничка.
„Почна добро, а потоа рече да се задоволам со тоа што се нуди. Одбивам да го направам тоа“ - порача друга.
Што мислите вие? Треба ли жените да ги намалат критериумите и да се задоволат со она што им се нуди за да успеат да основаат семејство?
Б. С. Б. | Црнобело