Знаци дека партнерот можеби ќе ве изневери, според експерт за врски и секс
Се дружи со луѓе кои изневеруваат или оправдуваат неверство и има родители кои имале афери – кои се другите знаци дека некоја личност можеби ќе биде неверна во иднина?
Трејси Кокс е експерт за врски и секс, а има напишано бројни колумни на оваа тема за познати медиуми. Таа има издадено и неколку книги.
За Daily Mail, Трејси открива кои се знаците дека вашиот партнер можеби е склон кон неверство.
Трејси цитира истражување спроведено во 2022 година, кое се фокусира на прашањето „Дали неверството е заразно?“.
Нормално, знаците што ги воочила Трејси не значат дека партнерот дефинитивно ќе биде неверен бидејќи сите луѓе се различни. Но, смета дека е добро да бидеме свесни за нив.
Во продолжение заклучоците на Трејси:
Има пријатели кои изневеруваат или го оправдуваат неверството
Мислењето и однесувањето на луѓето со коишто се дружиме има големо влијание врз нас и нашите ставови.
Трејси вели дека ако сме опкружени со среќни парови, најверојатно и нашата врска ќе биде убава.
Ако сме опкружени со парови кои постојано се расправаат и имаат токсичен однос, голема е веројатноста и ние да почнеме да го правиме тоа во нашата врска.
Истото важи и за неверствата.
Истражувањето покажало дека кога луѓето гледаат дека нивните пријатели изневеруваат, многу е поверојатно и самите да изневерат.
Родителите на партнерот имале афери
Кога родителите се изневеруваат и децата се свесни за тоа, тие почнуваат да мислат дека ова е нормално во секоја врска, освен ако немаат трауми од тоа, па никогаш не би го повториле.
Трејси вели дека постојат две реакции кај децата чии родители имале афери.
Децата може да ги презираат неверните родители и по секоја цена да се обидуваат да не станат како нив.
Или, децата повторно го презираат неверниот родител, но потсвесно почнуваат да се плашат дека тие ќе бидат изневерени, па ја менуваат динамиката во врската така што самите почнуваат да изневеруваат.
Партнерот има вредности кои го оправдуваат неверството
Додека некои луѓе никогаш не би го изневериле партнерот, постојат и оние кои сметаат дека неверството е оправдано во одредени случаи. На пример, можеби се вљубиле во друга личност.
Ова се вредностите за коишто зборува Трејси.
Односно, ако партнерот верува дека постојат исклучоци во кои неверството е оправдано, сосема возможно е да ве изневери.
Со партнерот минувате низ многу тежок период
Трејси забележала дека во голема мера, неверствата се случуваат кога односот помеѓу партнерите е влошен.
Без разлика дали постојано се расправаат, ретко имаат секс или што било друго, во вакви ситуации луѓето се поранливи, па можно е да побараат утеха кај друг.
Партнерот има проблем со зависност
Ако некоја личност има сериозен проблем со зависност, не размислува рационално додека е под дејство на дрога или алкохол.
Како што вели Трејси, кога некој е пијан, дури и најглупавите идеи му изгледаат одлично, а овде може да спаѓа и неверството.
Партнерот често е отсутен од дома
Воопшто не мора да значи дека ако партнерот често отсуствува од дома поради деловни патувања мора да има афера.
Но, Трејси вели дека многу неверства се случуваат токму во вакви ситуации.
Партнерот е далеку од дома, се чувствува осамено, па поголеми се шансите да се случи неверство.
Спирова С. | Црнобело