„Жена ми сака секс само ако планираме бебе, а веќе имаме 4 деца - фрустриран сум“ (18+)
„Кога жена ти вели дека е уморна, тоа и го мисли. Таа најверојатно е исцрпена кога се грижи за четири мали деца“ - кој е целосниот одговор од психологот за мажот кој мака мачи со интимноста? Кое е вашето размислување на оваа тема?
Односите со партнерот пред децата и после децата на некој начин се менуваат.
Со новите обврски се менува и слободното време, а многу често интимноста знае да биде на последно место во врската. Но, кога сето ова е на долг рок, се појавува проблем.
Со тоа се соочува и овој маж на којшто му недостига интимноста со неговата сопруга.
Тој во отворено писмо до кулумнистката на The Sun, Дидре, раскажува за нивниот оскуден сексуален живот и дека тоа му претставува проблем.
Проследете го неговото писмо во целост:
„Мојата сопруга е заинтересирана за секс само ако планираме бебе, а веќе имаме четири деца. Станав премногу фрустриран поради недостатокот на интимност.
И двајцата имаме 38 години и децата ги добивме брзо, едно по друго.
Сопругата секогаш вели дека е премногу уморна, но децата се добри и сите се во кревет до седум часот.
Постојано мислам на секс и секогаш треба да ја молам, бидејќи таа никогаш не го прави првиот чекор. Среќен сум ако имаме секс еднаш месечно.
Користам порнографија за сексуално олеснување и жена ми знае, но не ѝ е гајле“.
Суштината на одговорот на Дидре во голема мера значи дека интимноста се менува после децата.
Еве го нејзиниот одговор во целост:
„Кога жена ти вели дека е уморна, тоа и го мисли. Таа најверојатно е исцрпена кога се грижи за четири мали деца. Можеби ѝ недостасува самодоверба поради телото.
Покажете ѝ дека разбирате дека ја нема истата енергија, но нежно потсетете ја дека е дел од пар, а не само мајка.
Објаснете како одредена интимност, иако не толку редовна, е добра за вас двајцата и поединечно, и како пар.
Имајте на ум дека романтиката може да започне надвор од спалната соба – на пример, љубовна порака за време на појадокот.
Исто така, обидете се редовно да ја преземате грижата за децата, за вашата сопруга да има можност да се опушти“.
Кое е вашето размислување на оваа тема? На кој начин сметате дека може да се подобри интимноста во една врска?
М. Ѓ. | Црнобело