5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена

„Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, мене ми е добро сама. Но, дали навистина треба да ми биде?“...

5-koshmari-koi-na-momenti-ja-machat-sekoja-singl-zhena-01.jpg

Жена која не е во врска може да биде среќна и самодоволна, но тоа не значи дека некогаш не ја совладува осаменоста и кога е сама на моменти не ја измачуваат некои тешки мисли.

Сосема е во ред да се биде сингл на која било возраст, но кои се тие мисли на крајот од умот кои ги мачат сингл жените понекогаш?

„Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“

Врската не ја дефинира една личност, па ако таа е комфорна, тогаш сингл статусот не е никаков проблем.

Постојат толку многу токсични и несреќни врски, па поздраво е да бидете сингл додека не ја пронајдете вистинската личност.

Сепак, некогаш доцна во ноќите се случува сингл девојките да си го поставуваат ова прашање.

„Всушност, мене ми е добро сама. Но,  дали навистина треба да ми биде?“

Си пронајдовте конекција со себе и горди сте на тоа и нема зошто да се срамите.

Се разбира, постојат луѓе на кои им е тешко да бидат сами и се чувствуваат осамено.

Но, ако ви е убаво сами на концерт и себеси сте си најдоброто можно друштво, тогаш тоа говори за вашата самодоволност и другите можат само да ви завидуваат.

„Моите мажени пријателки ме гледаат како ривал и понекогаш сочувствувам со нив кога гледам со какви брачни тешкотии се соочуваат, но не успевам да ги разберам“.

Понекогаш тешко е да одржувате исти погледи и интереси со вашите мажени пријателки, но вистинското пријателство ќе ги надмине овие предизвици.

Бидете искрени со пријателките, зборувајте отворено со нив и вашата врска ќе се промени на подобро.

5-koshmari-koi-na-momenti-ja-machat-sekoja-singl-zhena-02.jpg

„Не ми се допаѓа кога роднини и пријатели се обидуваат да ме спојат со некого. Иритантно е некој друг да прави избор за мене и да се обидува да ми наметнува свои вредности“.

Ова се сосема природни и нормални емоции. Вие си имате свој начин на живот и некој се обидува да ги прекрши вашите лични граници.

Јасно кажете им на тие личности дека тие иницијативи не ви одговараат. Направете дистанца од тие кои ви наметнуваат дека единствено нивните ставови се правилни.

„Сцената како сингл жена си оди сама во кино не ја рефлектира секогаш реалноста. Тешко ми е да се натпреварувам со тие богати и независни убавици од ТВ екраните.“

Врска или не, деца или не, ние си знаеме најдобро што е добро за нас во животот. Важно е дури и да ве нападне осаменоста, да не сте под притисок дека итно мора да ја „излекувате“.

Вреди да се борите за тоа, само ако навистина ви претставува проблем.

Од друга страна, ако самотијата ви одговара, тогаш дозволете си да уживате во неа, толку долго колку што сакате и не поставувајте си толку високи, филмски критериуми за тоа како треба да ви изгледа животот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg