„Правев сѐ за да ги освојам мажите што ми се допаѓаат – случајно открив каде грешам“

„Се гледав со едно момче повремено во период од 1 година и секојпат кога тој ќе дојдеше во мојот град, јас оставав сѐ за да го видам. Мислев дека сум кул, но верувам дека тој можел да го почувствува мојот очај“ – новинарка тврди дека случајно ја открила тајната за тоа како да направите мажите да полудат по вас. Во што е нејзината тајна?

pravev-s-za-da-gi-osvojam-mazhite-shto-mi-se-dopagjaat-sluchajno-otkriv-vo-shto-bila-tajnata-01.jpg

Новинарката Џејна Хокинг во својата најнова колумна објавена во News.com.au открива како сосема случајно открила како да ги натера мажите што не се заинтересирани, да полудат по неа.

Според неа, трикот за да го освоите мажот што навистина ви се допаѓа е мошне едноставен, но потребна ви е многу голема самодоверба и самоконтрола.

pravev-s-za-da-gi-osvojam-mazhite-shto-mi-se-dopagjaat-sluchajno-otkriv-vo-shto-bila-tajnata-03.jpg

Сведоштвото на Џејна ви го пренесуваме во целост:

„Минатата недела открив нешто ново за врските. Тоа е нешто што подолго време не ми дава мир и конечно открив дека постои посебен термин за истото.

Знаете, мојот трик е во тоа што секогаш ми се случуваше да се вљубам во мажи што се чинеше дека само делумно се заинтересирани, но веднаш штом јас ќе станам рамнодушна, тие трчаат по мене.

Сериозно, се гледав со едно момче повремено една година и секојпат кога тој ќе дојдеше во мојот град, јас оставав сѐ за да го видам. Мислев дека сум кул, но сега кога се навраќам наназад мислам дека тој можел да го почувствува мојот очај.

Кога и да го видев станував нервозна, намерно ја носев облеката што знаев дека му се допаѓа, се облевав со парфем и на секој состанок доаѓав порано.

pravev-s-za-da-gi-osvojam-mazhite-shto-mi-se-dopagjaat-sluchajno-otkriv-vo-shto-bila-tajnata-02.jpg

По речиси една година трчање, секојпат кога ќе се јавеше, почнав малку да се заморувам. Благодарение на унапредувањето на работното место и рутината за вежбање што направи да се чувствувам поздраво и посамоуверено, сфатив дека ова романтично сценарио веќе не ми одговара.

Сфатив дека сум го ставила овој човек на пиедестал, а тој не заслужуваше да биде таму.

Така полека почнав да губам интерес: ги откажував плановите за да се видиме, престанав да станувам нервозна кога ќе го видам, ги снема пеперутките во мојот стомак.

Потоа, одеднаш, тој почна да се труди повеќе. Почна да ги откажува другите планови за да се видиме, стануваше нервозен кога ќе му се јавев. Како да можеше да го намириса мојот недостаток на интерес и тоа го излудуваше.

На крај сфатив дека постои посебен термин за тоа однесување и тоа ми даде идеја. Го слушав мојот омилен поткаст Smartless со Џејсон Бејтман, Вил Арнет и Шон Хајес и тие зборуваа за терминот ‘секси индиферентност’.

pravev-s-za-da-gi-osvojam-mazhite-shto-mi-se-dopagjaat-sluchajno-otkriv-vo-shto-bila-tajnata-04.jpg

Всушност со овој термин се означува однесувањето кога се обидувате да привлечете некој романтичен партнер, или одите на аудиција за улога, или пак се обидувате да склопите нови пријателства, но се трудите да изгледате како некој што не е премногу загрижен за исходот од ситуацијата.

Се однесуваме како воопшто да не ни е грижа, а тоа за другите е мошне загадочно и привлечно! Ги остава луѓето да се прашуваат зошто ние воопшто не сме заинтересирани за нив и кои сме ние што воопшто не ни е гајле?

Сфатив дека ненамерно сум го користела ова сценарио и дека сум постигнала голем успех. Токму затоа, кога ќе изгубам интерес за некој маж – тој се враќа со трчање.

Затоа што наеднаш не ми е грижа за него и сака да знае зошто е тоа така. Тоа навистина им го повредува егото. Особено, ако претходно мислеле дека веднаш ќе го добијат вашето внимание.

pravev-s-za-da-gi-osvojam-mazhite-shto-mi-se-dopagjaat-sluchajno-otkriv-vo-shto-bila-tajnata-05.jpg

Спротивно на тоа, е да изгледате премногу ‘жедни за внимание’ и тоа на мажите воопшто не им е привлечно.

Сите правиме грешки и мислиме дека сме кул, но ако оној што ви се допаѓа ви се јави и ве праша дали сакате да излезете, веднаш оставате сѐ и одите да се видите.

Но, постои замка во секси индиферентноста, а тоа е дека треба вистински да верувате. Само во оној миг кога навистина ќе заборавите и нема да се грижите на исходот, само тогаш овој трик функционира.

Друга опција што овој трик ви ја обезбедува е да донесете одлуки смирено, без да дозволите да ве понесе возбудата. Зошто? Затоа што сте индиферентни. Секси индиферентни.“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg