Вежби од теретана што можете да ги правите и дома

Неколку месеци сите беа присилени да се откажат од теретаната, но тоа не е причина да се запостави физичката активност.

vezhbi-od-teretana-shto-mozhete-da-gi-pravite-i-doma-01.jpg

Дури и кога немате можност да одите во теретана, секогаш можете да вежбате во вашиот дом. Нормално, дома ја немате истата опрема и истите услови, но со малку креативност, можете да ги правите истите вежби што би ги правеле и во теретана.

Во продолжение погледнете неколку ефикасни вежби, за чие изведување ќе ви завршат работа и предметите од домот:

„Качување скали“ со помош на стол

- Застанете пред столот и поставете го левото стапало на него.

- Исто како качувањето скалила, качете се на столот и застанете на него со двете нозе.

- Симнете се на земјата и повторете со другата нога.

Направете 3 сета со 15 повторувања за секоја нога.

Оваа вежба ќе ги зајакне вашите нозе и задникот.

vezhbi-od-teretana-shto-mozhete-da-gi-pravite-i-doma-02.jpg

Затегнете ги трицепсите со масичка

- Седнете со грбот свртен кон масичката и поставете ги дланките на нејзиниот раб.

- Исправете ги нозете и со помош на рацете подигнете го телото.

- Бавно спуштајте се сè додека не ги свиткате рацете под прав агол, па повторете.

Направете 3 сета со по 15 повторувања.

Наместо масичка, можете да користите и ниско столче.

vezhbi-od-teretana-shto-mozhete-da-gi-pravite-i-doma-03.jpg

Чучнувања покрај ѕид

- Навалете се на ѕидот и свиткајте ги колената под прав агол (како да седите на невидливо столче).

- Останете во истата положба 30 секунди до 2 минути, па исправете се.

Оваа вежба ги активира мускулите во долниот дел од телото.

vezhbi-od-teretana-shto-mozhete-da-gi-pravite-i-doma-04.jpg

Чучнувања покрај ѕид со „тегови“

За да ја направите претходната вежба потешка, ќе ви требаат тегови, но дома може да ви послужи и големо шише вода.

Инструкциите се исти како и претходната вежба, само овојпат на нозете ставете шише вода.

vezhbi-od-teretana-shto-mozhete-da-gi-pravite-i-doma-05.jpg

Странично исчекорување

- Застанете зад столот и држете се за него.

- Подигнете ги петите од подот и со десната нога направете чекор кон лево, зад левата нога.

- Повторете со другата нога.

Направете 20 повторувања со секоја нога.

vezhbi-od-teretana-shto-mozhete-da-gi-pravite-i-doma-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Вежби за рамни стапала – ја намалуваат и болката Рамните стапала се релативно честа појава и можат да предизвикаат болка, па преп...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg