Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание?
Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средства за аквариум. Но, мора да знаете дека не секој вид е погоден за чување во кугла, а овде спаѓаат и златните рипки. Покрај тоа, бидејќи нема филтер, куглата бара почесто чистење. На што друго мора да обрнете внимание?
Ако сакате да уживате во убавината на рибите, а немате доволно простор за голем аквариум, тогаш таканаречената кугла може да биде вистинското решение за вас.
Ова се мали аквариуми, евтини се и генерално лесни за одржување. Има и многу украсни растенија и каменчиња со кои можете да ги декорирате.
Во продолжение, неколку корисни совети за чување риба во кугла:
Подготвување на куглата
Измијте ја куглата со топла вода, но не користете сапун или какво било средство за чистење стакло. Измијте ги и сите украси и каменчиња, па ставете вода која претходно сте ја чувале на собна температура.
Оставете ја куглата да постои барем еден час пред да ја ставите рибата внатре.
Додајте ја рибата
Бидејќи куглата нема грејач, температурата на водата во која ќе живее рибата е онаква каква што е во собата. Па, не ја чувајте на прозорец или на директна сончева светлина, бидејќи може многу бргу да прегрее.
Кесата во којашто се наоѓа новата риба ставете ја во садот и држете ја 10-15 минути. Додајте вода од куглата во кесата, па ставете ја во водата уште дополнителни 10 минути. Со ова ќе ја изедначите температурата и ќе ѝ помогнете на рибата да се адаптира, што е особено важно.
Нежно отворете ја кесата и ставете ја рибата во куглата. Не купувајте премногу риби и не избирајте такви кои се премногу големи за куглата.
Менување на водата
Водата во куглата треба да се менува барем еднаш неделно, понекогаш и почесто и постојано треба да биде кристално чиста. Ако е маглива и гледате отпад што се акумулира на дното, време е за промена.
Нежно ставете ја рибата во чиста пластична кофа (која ќе ја користите само за риби) во која ќе има чиста вода на собна температура. Садот, каменчињата и украсите измијте ги добро со топла вода и малку сол и темелно исплакнете ги.
Во исчистената кугла додајте чиста вода која претходно сте ја чувале на собна температура, па ставете ја рибата.