Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание?
Хранење
Кога ја храните рибата, давајте ѝ многу мали количини, двапати на ден. Ставете толку храна што би можеле да ја изеде во рок од 3 до 5 минути.
Вишокот храна ќе ја извалка водата и ќе ја зголеми потребата за нејзино почесто менување.
Добрите и лошите страни од чувањето риба во кугла
Пред да се одлучите за тоа дали сакате да чувате риба во кугла или не, би било добро да ги научите предностите и недостатоците поврзани со оваа тема.
Најпрво, погледнете кои предности ви ги нуди ова:
- Садовите се евтини и лесно достапни
- Мали се, што одлично ќе се вклопат и во мал стан или куќа
- Не се тешки многу, а дури и кога се полни со вода лесно може да ги пренесувате од едно до друго место
- Менувањето на водата е лесно затоа што садот е мал и лесно пренослив
- Едноставни се дури и за некој што нема никакво познавање од одгледување риба
Од друга страна пак, недостатоците од чување риба во сад се следниве:
- Не можете да чувате големи риби, затоа што садот ќе им биде мал
- Куглите се мали за повеќето системи за филтрирање на водата, па ова ве ограничува колку риби може да чувате во еден сад, дури и ако станува збор за помали
- Мора да правите чести промени на водата
- Заборавете на чување морска риба во кугла, затоа што речиси е невозможно да се одржи здрава средина со солена вода, во толку мал простор
Дури и со овие недостатоци, многу луѓе успеваат да ги чуваат рибите во мал сад. Сепак, ако и вие се одлучите на овој чекор, имајте на ум дека ќе ви биде ограничен изборот на риба.
Не се сите соодветни за таков простор, па размислете добро за потребите на вашите риби, а пред да ги купите осигурете се дека тие ќе може да се чувствуваат безбедно во новата околина.
Всушност, златните рипки не се најдобрата опција за чување во кугла, иако најчесто се продаваат така. Има многу различни видови златни рипки и не остануваат сите мали како оние што ги гледаме во продавниците за миленичиња.
Не само што златните рипки може да растат многу големи, туку имаат тенденција да бидат и многу неуредни – произведуваат многу отпад и имаат многу поголеми потреби за кислород. Во овој случај, куглата може да не го обезбеди просторот или волуменот на вода кој им е потребен на ваквите риби за да бидат здрави.
Па, пред да се одлучите на овој чекор, добро размислете за видот на рибата што ќе ја изберете, како и за големината и обликот на куглата.
Важно е да истражете кои видови риби се соодветни за чување во кугла. Запомнете дека рибите се живи суштества и имаат свои основни потреби, кои пак се ваша должност да ги исполните.
Покрај хранењето, треба да им ја одржувате нивната околина чиста, а тоа значи редовно менување на водата и чистење на куглата. Ако сте спремни да вложите труд за вашата риба да биде здрава, тогаш куглата ќе ви биде добра опција.
М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com