Јас сум една многу лоша жена, имам бурма на раката, но мислам на друг
Еднаш ми кажа лепотице, онака опуштено, нежно ноншалантно. Па, јас не знам кога последен пат некој ми кажал нешто така убаво. Се израдував како дете.
Ми го кажа човекот кој случајно го запознав. Имам многу клиенти на работа, но овој човек веднаш ми влезе во око. Скоцкан среден маж на 40 години.
Веднаш му ја забележав бурмата на раката, веројатно и тој мојата. Но, тоа не ми стана проблем да престанам да мислам на него.
Јас, жената кој цел живот сака да направи нешто правилно. Правилно за домот, за сопругот за детето за пријателите за работата. Освен за мене.
Прва со изјавите дека прељубата е нешто што никогаш нема да го направам, ниту да го простам.
Но, простив еднаш… Можеби било повеќе пати, но за еднаш знам. И не никогаш не го направив. Дури и кога сакав од инает.
Честа, гордоста, името, воспитувањето, едноставно не ми дозволија.
Но на овој човек не можам да престанам да мислам. Ме прогонува во мислите, ми се насмевнува во сонот. Слатко, случајно, неочекувано. Ме прелива топлина кога ќе ми се насмее, горам од желба да го допрам.
Сопственото убедување се измеша со една страст за која никогаш порано не сум ни помислила дека може да постои.
Да јас сум лоша жена, посакувам премногу друг.
И никогаш нема да го имам, јас секогаш ќе се повлечам.
Сакам да си одговорам за кој сум лоша жена.
Дали кон неговото семејство бидејќи го посакувам и со тоа можеби ќе ги повредам?!
Или сум лоша спрема себеси бидејќи од измислени граници не можам да одам до крај. Да почувствувам страст како никогаш до сега, кожата да ги почувствува допирите по кои копнеам.
Веројатно сум лоша кон себе бидејќи овој живот е еден и одговараме за себе на нас самите.
Да многу е погрешно да влегуваш во оган. Но погрешно е и да не ги рашириме крилјата и да уживаме во животот. Еден единствен и дарен од Бога како благослов.
И не никогаш нема да го имам овој човек кој можеби само пак во сонот ќе ми дојде. Поради мене.
Да, јас сум една многу лоша жена!
Автор: Марилунче
Доколку сакате да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!