Македонска средношколка: „До кога богатите деца ќе бидат привилегирани?“

До кога ќе бидам осудена на трпење неправди, привилегии на поединци и врски, врски, врскииии?

makedonska-srednoshkolka-do-koga-bogatite-deca-kje-bidat-privilegirani-01.jpg

Ајде вака.. Замислете се себеси во едно од најдобрите средни училишта каде отидовте полни со ентузијазам и среќни што веќе ги нема тие проклети „врски“, мамини синчиња и татини принцезички, очекувајќи дека таму сите се соочувате со реалноста и добиената награда за вашиот сопствен труд.

И погодете што - се излажавте! Тука има врски, уште полоши од оние во основно училиште.

И сега, вие сте човек кој не трпи неправда, сака да го добие заслуженото со своја пот, ама не трпите кога некој добива оцена иста како вашата, бирајќи за што ќе одговара и кажувајќи минимално. Притоа, имате соученик чиишто родители располагаат со многу финансиски средства и, се разбира, тој има поголеми права од сите други во класот.

По еден од предметите сте имале тројка, ништо страшно, но треба да се наредат петки за да може да се поправи. Одговарате секој час, имате еден одговор за четворка, ќе доаѓала инспекција и мора да се стават оцени.

Сите оценети ги добиваат своите оцени, па дури и оние кои добиле единици. Освен, вашиот претходно споменат соученик кој треба да има двојка. Кој еднаш глумеше заинтересиран и праша што да научи за тројка и доби одговор дека може да одговара за она што тој сака, што му е полесно да научи.

Вие имавте тројка на полугодие и постојано одговаравте, а тој може да бира за што да одговара.

Кога размислувате да проголтате, да кажете дека не ви е грижа за другите, да се потсетите дека споредувањето на себеси со други луѓе е најлошото што можете да си го направите ви текнува колку неправда премолчувате секојдневно.

Се сеќавате дека додека сите би требало да внимаваат на час и да покажат почит кон професорот, вашиот соученик виси на телефон. Се сеќавате како неколкупати му е одземен телефонот и вратен најдоцна за половина час, за разлика од вас. Ако вие си играте со телефонот, ќе ви биде одземен и треба да дојдат вашите родители да го земат.

Знаете не е во ред некој да добие 100 шанси, а некој две. Искрено, насекаде има деца кои им се „гребат“ на професорите, но толку лигави професори никаде нема.

Зошто инсистирањето повторно да се одговара е „замарање“? Зошто откако ќе одите кај професор/ка и по можеби илјадити пат ќе и кажете дека не е фер, зашто не стои на своите ветувања и тоа на најфин можен начин, со најголема почит, иако видно ви се гледа гневот на лицето, подоцна дознавате од други соученици како ве озборувала, велејќи дека ако не престанете да „замарате“ ќе ви остане тројката од полугодие.

Го гмечите шишето кое не е на никој начин виновно што професорите не оценуваат знаење, туку финансиски и социјален статус. Ја барате грешката во себе, но безуспешно. Мразите гребење од кој било вид, тип на личност сте што кога мразите нешто не го правите по никоја цена само затоа што авторитетот го посакува.

Постојано се обидувате да им ги отворите очите на другите кои ви велат само да не се нервирате бидејќи со „богатите“ луѓе и со професори не се излегува на крај, ви велат да ја претрпите неправдата зашто така функционира системот и секаде има такви.

Ама ајде, па зошто баш јас сум таа која треба да трпи нечии комплекси?

А има толку прекрасни професори за кои нема што да се каже. Кои не отишле на педагошки факултет затоа што не знаеле каде и ја работат својата работа со љубов и посветеност. Жалосно е тоа што поради нечија алчност, се фрла сенка на златни луѓе кои прават сè што можат за да ве научат, оценуваат знаење, а не кој колку „се гребел“ ова тримесечје.

Автор: Таа

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

„Језиво“ е колку стана „нормално“ сите во Скопје да се изневеруваат Не знам дали на редовна база движите доволно низ градов, но ако малку повеќе сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg