Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Можеби има начин да се најде среќа во тагата...

На пола пат до мојот дом, небото од темно сиво станува црно и гласна грмотевица ги придружува првите капки дожд кои штотуку започнаа да паѓаат.

mozebi-ima-nacin-da-se-najde-srekja-vo-tagata-01.jpg

Тешки, топли, големи капки, ме направија водена дури да трепнам.

Ги кревав рацете горе-долу, демек ќе престанат да ме прават уште повеќе водена. На крај, ми „удри“ нешто во главата: „Колку смешно изгледам, си велам“.

Се обидувам да го запрам дождот.

Се смеев и смеев.

Наместо да побрзам за да стигнам дома, започнав да одам сè побавно, да скокам, да шлапкам со моите нозе во големиот вир што го здогледав пред мене.

Играјќи и пеејќи патував сè до мојот дом.

Во мојот живот сè до денес, дождот значеше дека треба да седам дома. Ама сега за првпат сфатив дека дождот не би требало да е тажен.

Сфатив дека и тагата исто така, не треба да биде тажна.

Дојдов до заклучок дека тагата ти треба исто колку и дождот.

Мисли и идеи ми прелетуваа низ мозокот. Чувствувам дека среќата е скоро страшна, баш како чувствата кога си пијан - смешен си и не ти е гајле што другите мислат.

Плус, тоа среќно чувство минува многу брзо и знаеш уште пред да си замине, дека ќе си замине.

Тагата трае многу подолго.

Се прашувам, можеби има начин да се најде среќа во тагата. И после сè тоа е како дожд, понекогаш не можеш да го фатиш или избегнеш...

А, доколку ја фатиш обиди се да го искористиш најдоброто од неа.

Автор: Марковска С.

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Малите ангели на патиштата - до кога ќе ги губиме? Наеднаш, во една секунда, се слуша пискот на гуми. Удар. Тишина. Последното нешт...
Темни дни Во чест на загинатите во пожарот во Кочани, на оние што го преживеаја и за болка...
„Ти си мојот темен тунел - Каде да ја пронајдам светлината?“ Каде е тој топол и сигурен дом, за кој сите зборуваат? Каде можам да се про...
„Језиво“ е колку стана „нормално“ сите во Скопје да се изневеруваат Не знам дали на редовна база движите доволно низ градов, но ако малку повеќе сте...
Последното збогум за Андреј: „Замина и сечие 'СРЦЕ' парчоса, нè напушти со зборовите: 'ШТО САКА НЕКА... Низ годините што доаѓаат на идните генерации ќе им раскажуваме за твојата х...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg