Каде да ја барам среќата на овој свет?
Беда, несреќа, проклетство, каков неправеден живот. Ова беа зборовите и темите на кои размислував додека автобусот пополека се движеше кон излезот од главниот град.
Се враќав дома, во родното место.
Тоа беше чувството кое на секој можен начин ме исполнуваше. Додека мојот ум шараше низ водите од животот, од телефонот излегуваше звукот на мојата омилена песна.
Така возејќи се, се најдов таму во убавините на родниот град.
Татко ми ме чекаше на автобуската станица, пресреќна што сум пристигнала, се стрчав низ скалите на автобусот, нозете ми се сплеткаа и паднав толку силно што ударот кој го примив на мојата глава беше толку силен колку сите беди и несреќи од животот собрани на едно место.
Изгубив свест, сè додека не ги отворив очите во болничката соба.
Се освестував, но мојата душа се преполовуваше од моето тело. Си велам - Не е можно, премногу филмови гледам.
Си го затресувам телото, но нема никаква реакција.
Го гледам ранецот од кој новата облека се извалкала, ги погледнувам измешаните страници од новокупените книги, а песната сè уште помалку се слуша од слушалките. Излегувам, мојот дух- веројатно. А, таму во ходникот мајка ми и татко ми - скршени од животот.
- „Проклетство малку им беше досега што им нанесов тага зар и ова им треба?“.
А, на другарка ми не и се верува. Како да знаев дека нешто ќе ми се случи па ѝ реков претходниот ден - „Мене од несреќи никогаш не ми е малку, не знам што ќе биде следно“.
Духот не се помируваше и летаа низ воздухот пцовки на животот, на смртта, се лутев, викав и тајно посакував да ги заборавам сите лоши моменти за да одлетаат некаде далеку, а потоа да ги направам оние работи кои ми останаа недовршени.
Тогаш отворив очи, со паничен поглед ја здогледав другарка ми, а автобусот сè уште се движеше, омилената песна сè уште се вртеше на музичката листа.
А сето претходно, било сон, еден обичен сон. Не, не претерувам, се случи, но најверојатно го сонив за да сфатам каде да ја барам среќата на овој свет.
Не треба да ја бараме, туку да ја чувствуваме.
Да ја чувствуваме среќата кога сме со своите најблиски, да ја чувствуваме кога ја слушаме омилената песна, кога ја читаме новата книга или го гледаме омилениот филм.
Среќата е онаму каде ги правиме нашите омилени нешта и задоволства.
Да гледаме на минатото, на лошите моменти како моменти кои нè направиле посилни и од кои сме постанале херои на сопствениот живот.
Да ја бараме среќата некаде во иднината и да ја чувствуваме во малите работи.
Мала доза на среќа е најголемото богатство на овој свет.
Автор: А. Тина
Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!