Таман кога ќе сакате „да го убиете“, сам ќе ви зготви романтична вечера - тоа е совршениот маж кој ви треба во животот
Немало веќе совршени мажи. Зборувајте ми малку за тоа. Или не, подобро јас да Ви позборувам малку. Да ве потсетам дека и тоа како има.
Да ве натерам да верувате дека совршенството може да се појави во многу варијанти и облици, само треба да го пронајдете и препознаете.
Има и такви мажи, што се чудо од мажи. Посебна приказна сама за себе. Зрачат со топлина и страст само уште кога ќе ги погледнеш.
Секој силен маж е совршен маж.
Зборувам за емотивно силен, умствено силен, со силни амбиции и силни ставови. Маж полн со ведрина и остар дух кој не може да остави никого рамнодушен.
Ќе те заведе со шарм, ќе те купи со внимание и ќе те задржи со разбирање и потоа оди па успеј да не го засакаш повеќе од сè на светот.
Во меѓувреме ќе ти направи по некоја беља по дома.
Ќе ти скрши нешто, ќе ти остави цело торнадо во кујната, ќе се плетка со пеглата како да е научна фантастика.
Ќе ти го зема целото ќебе навечер, па ти туткај се во него за да не измрзнеш, ќе ти ја остава пастата или отворена или потрошена, сè нешто ќе ти приговара дека доцниш кога се подготвувате за излегување.
Само што ќе помислиш дека би сакала „да го убиеш“, ќе те покани на романтична вечера што сам ја зготвил.
Тогаш ќе се прејадеш пресолени и малку ладни макарони и ќе се сетиш зошто и колку многу го сакаш.
Ќе се сетиш зошто си му благодарна на животот што имаш таков човек покрај себе.
И ќе посакаш да го задржиш засекогаш.
Има луѓе кои се радуваат на вашиот успех, а има и такви кои ве поттикнуваат на успех. Со првите можеш да си многу среќен, ама ако ги имаш вторите, тогаш си неизмерно богат.
Кога ќе има такви денови кога се чувствувам безвредно и бесполезно, ќе ми ја врати самодовербата, ќе ми ја врати вредноста во сопствените очи.
Нешто со љубов, нешто со забавен сарказам ќе ја убие целата негативна енергија и депресија од мене.
Е него ќе си го чувам, оној кој го буди најдоброто од мене и ми ја враќа насмевката на лицето.
Ќе ми вика и дебела и смотана и ќе ме сака најмногу. Ќе ми се изнасмее на сите падови, ама секогаш ќе ми подаде рака за да станам.
Ќе ме држи за рака и гордо ќе чекори низ животот со мене.
Ако наидат бури, наместо да ме пушти, ќе ме повлече во прегратка за да може да ме држи поцврсто. За да можам и јас да го држам поцврсто.
Љубовта не е пат, љубовта е стрмнина која најдобро се искачува во пар.
Љубовта колку што е возбуда, толку е и здодевно заедничко гледање на филм.
Колку што е авантура, толку е и мрзелива ноќ помината во јадење сендвичи и чипс.
Колку што е тешка, толку е и убава.
А, за сите убави нешта во животот вреди да се вложи труд.
Автор: Луна М.
Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!