Кога сум се родила, татко ми бил очаен. Женско. Кога се родила мојата покојна сестра, светот му се срушил врз мажјачката глава. Закоравениот Приморец, опседнат од стравот дека дома му растат дури две идни ку*ви, нè малтретираше на сите можни начини. Со ремен, со дланки, со погано јазичиште. Јазичиштето и најмногу болеше...