Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Препознајте дали некој е психопат во првите 5 минути од разговорот

Според психологијата, во просек постојано околу себе имаме уште пет најблиски личности и сигурно не сакаме да имаме психопат во тој најтесен круг.

prepoznajte-dali-nekoj-e-psihopat-vo-prvite-5-minuti-od-razgovorot-01.jpg

Психопатите е тешко да се детектираат, но не и невозможно. Всушност, постојат неколку стандардни „замки“ во кои тие лесно паѓаат, а се јасна индикација со каква личност си имате работа.

Затоа, внимавајте на следниве знаци:

Психопатите зборуваат за три одредени теми најмногу

Одредени истражувања покажале дека психопатите најчесто во првите неколку реда муабет ќе спомнат храна, секс и пари. Сосема ретко би започнале тема поврзана со семејни вредности, вера и религија или спиритуалност. Ќе ги забележите по валканите страсти и желбата за задоволства.

prepoznajte-dali-nekoj-e-psihopat-vo-prvite-5-minuti-od-razgovorot-02.jpg

Тие кажуваат што ќе направат

Нивниот омилен збор е честицата за идно време „ќе“. Тие дури и самите си веруваат во тоа што го ветуваат дека ќе го направат, а и обожаваат да прават планови за иднината, иако во суштина немаат никаква идеја како ќе ги исполнат. Во текот на разговорот ќе зборуваат за големите цели и за тоа што сè знаат и можат, а во реалноста, успешните луѓе помалку зборуваат за цели, а повеќе за планови и рутини на патот до целта.

Не знаат да имитираат експресии

Кога со некого споделувате нешто тажно, веројатно емпатијата ќе направи и тие да почувствуваат некаква тага. Исто и кога се радуваат за вас. Кај психопатите тоа го нема. Тие се фокусирани на себе, а не на вас.

prepoznajte-dali-nekoj-e-psihopat-vo-prvite-5-minuti-od-razgovorot-03.jpg

Фокусирани се на награди

Нивниот мозок е поврзан на начин што за сè што ќе направат очекуваат противуслуга или награда. Ова се случува затоа што мозокот им лачи многу повеќе допамин кога на некого прават добро или услуга, па затоа и очекуваат дека ќе добијат нешто за возврат.

Од друга страна, тие дури се и посвесни за ризиците и последиците, па затоа и секој чекор им е внимателно пресметан пред да го направат.

Сакаат да работат за ужасни шефови

Психопат со психопат си се наоѓа и заедно си формираат прекрасна симбиоза од која успеваат да го извлечат максимумот за личните потреби, а на штета на сите останати. Тие не се плашат од ништо, немаат емпатија и постојано ја следат главата, а никогаш срцето. Затоа и оваа заедница одлично функционира.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 совети за безбедност што треба да ги знаете – можат да значат живот Кога одите на непозната локација, како сала за концерт, секогаш разгледајте кој ...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg