„Затоа што со магистерската диплома ги тепам крвопијните комарци“ – Зошто го мразам Балканот?

Адис Ахметхоџиќ е писател и поет од Сараево, кој се потпишува зад Фејсбук страницата „Sarajevski John Doe“.

Zosto-go-mrazam-Balkanot-01.gif

Неговите дела се проткаени со силни емоции во кои може да се препознае секој од нас. Можеби инспирацијата за песната подолу му била неговата „Босна и Херцеговина“, но како да ја опишува секоја држава на Балканот.

Со лесен и едноставен наративен израз, Адис објаснува зошто го мрази Балканот… можете ли да се согласите со неговите причини и можеби да додадете уште некоја?

Зошто го мразам Балканот?

Затоа што сум одбивен секому ако се обидам нешто да кажам.

Затоа што секој знае подобро од мене.

Затоа што сум сè уште млад и што имам јас да кажам?

Затоа што е ладно и кога е топло и топло е кога е ладно.

Затоа што е во ред трамвајот да смрди, а не е во ред да се „шверцуваш“ во него.

Затоа што не се случило доколку не сум сликал.

Затоа што се срамиме поради глупости.

Затоа што никој нема право да биде подобар од нас.

Затоа што никој не нè разбира.

Затоа што сме напатени објаснувајќи како сме напатени.

Затоа што нема место.

Затоа што така се презиваш.

Затоа што тоа не е повеќе она време.

Затоа што има редица пред амбасадата.

Затоа што си „дебил“ ако си нормален.

Затоа што си цар ако си дебил.

Затоа што никој не знае кој е Марко Томаш, а знаат што е „Задруга“.

Затоа што секое мислење те става во некоја категорија.

Затоа што мора да припаѓаш некаде.

Затоа што мора да навиваш за некого.

Затоа што сум ничиј.

Затоа што немам кому да простувам или да заборавам.

Затоа што тоа не се мои војни.

Затоа што тие не се мои претседатели.

Затоа што немам каде да го родам детето.

Затоа што минималната пензија на мојот татко е навреда за опстанокот.

Затоа што со магистерската диплома ги тепам крвопијните комарци.

Затоа што се гладни кучињата скитници, а најадени нашминканите пудлици.

Затоа што за сè постои тренд.

Затоа што „јадам гомна“ само затоа што критикуваш.

Затоа што сум статистика.

Затоа што добро се продаваат таблетите за смирување.

Затоа што револуциите се креваат на дигиталните ѕидови.

Затоа што ме исмејуваат што и да кажам.

Затоа што исмеаните престанаа да зборуваат.

Затоа што други зборуваат наместо нас…

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg