72-годишна жена одлучи да се омажи по 42 одбиени запросувања

Нејзиниот партнер ја запросувал секоја година од мигот кога се запознале, но таа посакала да му биде сопруга дури во пензија, по 42 години заеднички живот и работа.

72-godishna-zena-odluchi-za-se-omazi-po-42-odbieni-zaprosuvanja-01.jpg

Колин Џонс (74) ја запросувал неговата девојка Паулин Јанг (72) секоја година откако за првпат се сретнале во 1976 и сè досега постојано добивал „не“ за одговор.

Тој бил воодушевен кога неговата девојка, пензионерка од Лондон, конечно пројавила желба да му биде сопруга. Уште поинтересно е што сега таа потегнала иницијатива за брак и го прашала дали ќе се ожени за неа во декември минатата година.

72-godishna-zena-odluchi-za-se-omazi-po-42-odbieni-zaprosuvanja-05.jpg

Колин, кој сега ја посетува својата сакана во старечкиот дом каде таа живее, вели дека тие живееле и работеле заедно 42 години, што значи не се разделувале по цели денови. Нивната приказна била љубов на прв поглед. Двајцата имаат деца од претходните врски.

Паулин одлучила дека сака брак со Колин 14 години откако дознала дека страда од ретка невролошка болест која предизвикува тресење и проблеми со движењето, поради која парот пред 14 години се преселил на Малта за да има побавно и посмирено темпо на живот. Таму изнајмувале сместување на туристи.

72-godishna-zena-odluchi-za-se-omazi-po-42-odbieni-zaprosuvanja-08.jpg

Но, пред 3 години донеле тешка одлука да се вратат во Англија, откако ситуацијата на Паулин се влошила. Оттогаш е во старечки дом, а Колин го  минува времето на релација Малта – Англија за да ја посетува својата сакана.

Откако Колин воодушевено ја прифатил нејзината понуда за брак тие имале прекрасна црковна церемонија и дури и количката на Паулин била соодветно декорирана. Потоа во старечкиот дом славеле со свадбена торта и пијалаци.

72-godishna-zena-odluchi-za-se-omazi-po-42-odbieni-zaprosuvanja-02.jpg

Колин вели: „Изгубив надеж дека ние двајца некогаш ќе стапиме во брак, мислев дека тоа никогаш нема да се случи. Имам бура од емоции.“

72-godishna-zena-odluchi-za-se-omazi-po-42-odbieni-zaprosuvanja-03.jpg

72-godishna-zena-odluchi-za-se-omazi-po-42-odbieni-zaprosuvanja-06.jpg72-godishna-zena-odluchi-za-se-omazi-po-42-odbieni-zaprosuvanja-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Првото дете им почина, се венча со друга жена 6 недели по разводот: Детали за првиот брак на Илон Ма... „Имавме огромна куќа со послуга. Одевме на гала свечености и седевме на најдобри...
Милијардери кои не успеаја да си ја купат слободата и завршија во затвор Елизабет Холмс ја споредуваа со Стив Џобс и таа беше прогласена за најмладата же...
„Дечко ми ме побара за жена со прстен од 38 долари, а заработува 200.000 годишно - му кажав дека не ... „Ми се допадна прстенот, но кога видов дека го порачал од онлајн продавницата Te...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg