Има ли разлика помеѓу љубомората и зависта?
Иако повеќето луѓе мислат дека се синоними, љубомората и зависта всушност се многу различни поими и состојби.
Зависта ве тера да посакувате нешто што го има некој друг - на пример, може да бидете завидливи на пријател кој има кариера од соништата. Љубомората пак, од друга страна, е страв од губење на она што веќе го имате.
Љубомората и зависта тешко се детектираат. На почетокот мислите дека тоа се само непријатни чувства, но подоцна сфаќате дека се работи за нешто многу подлабоко.
Што ги инспирира чувствата на завист и љубомора? Неврологот Ilene Ruhoy вели дека се сведува на тоа како нашите мозоци се поврзани. "Се зависи од тоа како амигдалата се поврзува со делови од нашиот мозок кои ги утврдуваат нашите вредности и нашите мотиви", објаснува таа.
"Ние знаеме доволно за потеклото на тагата, гневот и стравот, но љубомората и зависта се комплексни во смисла на односот помеѓу биохемијата, анатомијата и нашата околина во која се развиваме и може да диктира до кој степен се чувствуваме или љубоморни или завидливи. "
Негативните емоции играат многу важна улога во животот бидејќи тие предупредуваат дека нешто треба да се промени. Кога заобиколуваме некого, тоа е знак дека таа личност има нешто што сакаме да го имаме за себе. И тоа е корисно да се знае.
Најдоброто што можете да го направите со чувствата на љубомора и завист е нивна употреба како мотивација. Нормално е луѓето одвреме-навреме да се чувствуваат завидливи и љубоморни, но тоа искористете го како мотив да го направите токму она што ви ги предизвикува овие чувства.
Вашата пријателка е успешна? Притисокот што произлегува оттука канализирајте го во барање на ново работно место. Кога се чувствувате загрозени наместо да се повлечете, делувајте спротивно на своите емоции.
Ако не ги претворите љубомората и зависта во позитива, тоа многу брзо ќе се одрази на вашето физичко и емоционално здравје.
И зависта и љубомората може да доведат до чувство на депресија ако постојано се споредуваме со другите без да се натераме да тргнеме во поход на остварување на сопствените цели.
Најинтересно во оваа ситуација е фактот дека најчесто им завидуваме на луѓето за еден квалитет што го поседуваат и нам ни е познат, мислејќи дека останатите нивни квалитети се исто толку совршени. Тоа обично не е случај.
Направете мало истражување и ќе откриете дека личноста што сакате привремено да ја уништите има свои проблеми и слабости. Ја немате целосната слика и комплетно е погрешно да се измачувате со неточни информации.
И за да го поткрепите претходното едно едноставно решение е да направите едно нешто подобро од оваа личност. Секој еден од нас има свои афинитети и квалитети; секој еден од нас е посебен на свој начин и има за што да биде благодарен.
Стремењето кон повеќе и големите амбиции се здрави карактеристики, но уште поздраво е да сме свесни за тоа колку многу животот веќе ни дарил.
А. Ш. | Црнобело