„Денес е седми март“… На овој свет не постои маж што го сакам повеќе од себеси

Кога сум се родила, татко ми бил очаен. Женско. Кога се родила мојата покојна сестра, светот му се срушил врз мажјачката глава. Закоравениот Приморец, опседнат од стравот дека дома му растат дури две идни ку*ви, нè малтретираше на сите можни начини. Со ремен, со дланки, со погано јазичиште.

Denes-e-sedmi-mart-01.jpg

Јазичиштето и најмногу болеше. Беше сигурен дека со тепање ќе нè претвори во врвни готвачки, во мојот случај се зае*ал гадно, везилки, плетачки и кројачки. Не знам дали очекуваше да му родиме внуци, но ако очекуваше, беше сигурен дека ќе родиме деца и ќе бидеме девици.

Стопати ми ја истргнуваше книгата од раце, врескајќи дека таа нема „леб да ми донесе“. Ова не ми е првпат да се пресметувам со мртвиот татко. Жал ми е што и мртво поттикнува убивачки бес во мене. Еднаш се обидов да го убијам. Не ми успеа и би излажала кога би рекла дека ми е жал поради тоа.

Зошто татко ми не ми излегува од глава? Не го сакам мртов онака како што не го сакав жив, затоа што во мене ја всади тезата дека сите мажи во суштина се свињи кои само гровтаат на различни начини. Жал ми е што не можам да излезам од својата кожа.

За мажјаците, благодарение на фактот дека сум опкружена со мажи кои немаат врска со мажјаците, размислувам само одвреме-навреме. Не сакам да си ги трујам деновите што ми преостануваат.

За жал, кога ќе наближи 8 Март, не можам, а посебно жестоко околу себе да не ја осетам страшната омраза која хрватските гадови во себе ја чуваат како зеницата во своето око.

Одамна осознав дека му припаѓам на видот кој оној другиот вид сака да го претепа на илјада иновативни начини. Јас не се давам. Тие ме мразат, но ни во лудило толку колку што ги мразам јас. На татко ми сум. Кога сакам – сакам, кога не сакам… мразам. И секогаш давам отпор.

На овој свет не постои маж што го сакам повеќе од себеси или, не дај боже, безусловно. Или ќе биде по мое или нема да биде!

Мислите дека јас и не сум некое женско, дека всушност сум машко? Нема шанси. Јас сум вистинско женско, драго ми е дека сум женско, и го нема тој мажјак кој во мене ќе го разбуди чувството на вина дека не можам да мочам стоејќи.

Не е сè во мочањето. Има нешто и во огромната љубов што ја чувствувам спрема себеси и своите сестри. Знам дека никогаш нема да ни биде секој ден 8 Март. Имаме поситни дланки, помалку килограми и помала омраза во себе. Послаби сме, нема врска, но во борбата е спасот.

Утре треба да се прослави 8 Март. Голема работа е да си жена. Голема к'о куќа. Затоа, девојки, забавувајте се утре.

Зошто пишувам денес? Затоа што вечер ќе се напијам и најверојатно ќе го преспијам нашиот празник.

(Извадок од „Зошто пцујам“ на Ведрана Рудан)

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
14 случаи кога реалноста е многу полоша од очекувањата - Што порачав, а што добив? „Им напишав толку негативна критика, што ми рекоа дека ќе ми платат за да ја пов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg