Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


20-те најважни работи кои ги научив за животот и сакам да ги запомниш

Имај глас затоа што лоши работи се случуваат на луѓето околу тебе само затоа што гледаме и избираме да не правиме ништо.

20-te-najvazhni-raboti-koi-gi-nauchiv-za-zhivotot-i-sakam-da-gi-zapomnish-01.jpg

Порано ми изгледаше клише кога велеа дека со годините доаѓа мудроста, но сега не мислам така.

Работи кои ги научив со годините:

- Имај глас затоа што лоши работи се случуваат на луѓето околу тебе само затоа што гледаме и избираме да не правиме ништо.

- Луѓето не се менуваат и точка.

- Во ред е да се чувствуваш тажен и да покажеш бес и болка и разочараност, тоа не те прави слаб, туку ти помага полесно да се справиш со стресот и другите предизвици.

- За да заштедиш пари не влегувај во продавници, не ѕиркај дури ниту на излогот.

- Не држи лутина, тоа ти тежи на градите и прави да не можеш да напредуваш.

- Луѓето ги мразат работите кои не ги разбираат, па не биди како нив. Не мора да прифаќаш сечиј начин на живот, но не суди и имај почит за него.

- Патувај и исполни си го животот со авантури, патувањето е една од ретките работи во кои вреди да инвестираш пари.

- Читај повеќе книги и седи помалку на социјални мрежи.

- Биди фин и прави добри дела без да очекуваш нешто за возврат.

20-te-najvazhni-raboti-koi-gi-nauchiv-za-zhivotot-i-sakam-da-gi-zapomnish-02.jpg

- Работи напорно за работите што ги сакаш.

- Секогаш пронајди причина за што да бидеш благодарен.

- Доста се споредуваш со другите, натпреварувај се само со себе.

- Биди присутен во мигот и тргни го телефонот на страна, зборувај со луѓето.

- Прифати дека изгуби и допрва ќе губиш пријатели, понекогаш луѓето растат во различни насоки.

- Не престанувај да работиш на себе и да се грижиш за себе, ти си си најважната личност во животот.

- Слави ги малите успеси.

- Не земај на себе обврски повеќе од што можеш да поднесеш – ќе прегориш.

- Не се смирувај! Постигна една цел? Постави си друга!

- Живеј за себе, а не за мислењето на другите луѓе.

- Престани да цимолиш за проблемите, почни да работиш на нивно решавање.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg