Зошто некои луѓе потешко прифаќаат комплименти?

Љубовта кон себе не е секогаш лесна, а и одржувањето на самодовербата може да биде вистински предизвик. Но, дали можете да поднесете да ви кажуваат колку сте прекрасни?

zoshto-prifakjanjeto-komplimenti-e-tolku-teshko-za-nas-1.jpg 

Комплиментите кои ги добиваме од другите, по секоја можна логика, би требало да ни ја подигнуваат самодовербата. Но, што се случува? Нам ни станува непријатно дури и при најситен комплимент.

Многу луѓе во тој момент буквално се смрзнуваат и не знаат што да вратат. Други со драго срце би се скриле во некој темен агол. Ако комплиментите се толку добри, зошто тогаш тоа се случува?

Според психологијата, неудобноста е сосема нормална реакција кога добиваме комплимент. Од една страна, колку и да сакаме да ни ласкаат, одредени пофалби ги земаме со резерва, бидејќи звучат како преувеличени.

Исто така, голема улога игра и ако во минатото наивно сте паднале на некоја груба игра и вашата самодоверба била повредена.

Секој комплимент нашиот мозок го перцепира како микс од его, свесен и потсвесен дел од нас. Некогаш претеруваме со тоа, до степен што веруваме дека комплиментот всушност бил лага.

zoshto-prifakjanjeto-komplimenti-e-tolku-teshko-za-nas-01.jpg

Може ли ова да се надмине?

Најпрво, треба самите точно да ги знаете своите квалитети, за да можете да разграничите меѓу искрен комплимент и ласкање.

Забележете како самите го менувате своето мислење за себе. Бидете свесни за тоа колку напредувате како личност, без разлика дали се работи за грижа за себе, за физичкиот изглед или за менталната слика која си ја создаваме.

За крај, бидете отворени кон сите комплименти, колку и да не им верувате. Едноставно, прифаќајте ги како нормален дел од животот, без да претерувате со анализи дали некој навистина го мислел тоа или го кажал колку само да каже нешто.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
11 вистински фотки кои делуваат како да излегле од виртуелна реалност Некои работи се пред нас, а сепак мора да ги протриеме очите за да се осигуриме ...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
7 начини на кои несвесно се повредувате самите Дали се лажете себеси дека сте среќни и не си признавате дека нешто ви пречи? Со...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg