7 начини на кои несвесно се повредувате самите

Дали се лажете себеси дека сте среќни и не си признавате дека нешто ви пречи? Со ова не му штетите на никој друг, освен на самите себе.

7-nachini-na-koi-nesvesno-se-povreduvate-samite-01.jpg

Ако сте чувствувате несреќно и неисполнето, ако не сте задоволни од својот живот и не наоѓате некој надворешен фактор за ова, тогаш можеби проблемот сте вие.

Неретко луѓето игнорираат некои свои потреби и прават некои работи со кои самите се повредуваат и си го отежнуваат животот.

Седум начини на кои несвесно се повредувате:

Се лажете за вашата среќа

Од една страна, на сите ни се случува да ги лажеме другите дека сме среќни кога минуваме низ тежок период.

Ова понекогаш е во ред бидејќи не сакаме да ги споделуваме нашите проблеми со сите.

Но, од друга страна, некогаш самите се лажеме дека сме среќни, што само ни ја влошува ситуацијата.

Кога самите се лажете дека сте среќни и задоволни од вашиот живот, тогаш никогаш нема да промените нешто и всушност самите се повредувате.

Првиот чекор е да си признаете дека сте несреќни, па да почнете да работите на тоа.

Никогаш не излегувате од вашата зона на комфор

Сите се плашиме од непознатото, но не е во ред никогаш да не преземате ризици само поради бројните стравови и грижи.

Никогаш нема да бидете успешни во нешто ако прво не се обидете.

7-nachini-na-koi-nesvesno-se-povreduvate-samite-02.jpg

Се изолирате од сите

Кога се чувствувате лошо, можеби сакате да бидете сами.

Ова е во ред, сè додека изолирањето не ви стане секојдневие.

Кога сте изолирани и заробени со своите мисли, не си правите добро и само се повредувате уште повеќе.

Се изолирате емоционално

Можеби не се изолирате физички, но ако никогаш не ги споделувате вашите чувства со најблиските, тогаш сепак си штетите.

Дозволете си да бидете ранливи и кога имате потреба, побарајте помош и совет од другите.

Премногу се форсирате

Одлично е ако сте вредна личност која напорно работи на своите цели.

Но, ако заборавате на одморот и премногу се форсирате, на крај само ќе „прегорите“.

Не заборавајте дека и „мрзливите“ денови можат да бидат продуктивни бидејќи ќе ви помогнат да ги наполните батериите.

7-nachini-na-koi-nesvesno-se-povreduvate-samite-03.jpg

Ги игнорирате проблемите

Дали имате навика да ги игнорирате проблемите и само да се надевате дека ќе исчезнат?

За некои мали проблеми, ова може да функционира. Но, во повеќето ситуации, мора да се потрудите да најдете решение.

Во спротивно, проблемот ќе ви тежи, а со текот на времето само ќе се влошува.

Не работите на себе

Залудно правите сè останато ако го запоставувате најважното – грижата за себе.

Во ред е некогаш да направите жртва, но не треба да заборавите на вашите потреби и желби ако сакате да бидете среќни.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg