7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика

Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на саканите?

7-prashanja-so-koi-kje-otkriete-dali-imate-nekoja-toksichna-karakteristika-01.jpg

Нема личност без некоја лоша карактеристика и некогаш сите можеме да бидеме токсични, особено во ситуации кога не можеме да си ги контролираме емоциите.

Но, ако сте загрижени дека имате истакната токсична карактеристика со која ги повредувате другите, тогаш можеби е време е за саморефлексија.

Поставете си ги следниве седум прашања:

„Дали љубоморам на другите кога се успешни, без разлика што работеле напорно за тоа?“

Ако одговоривте „да“, тогаш вашата токсична особина е нарцисоидноста.

Нормално е понекогаш да чувствувате завист и љубомора.

Но, ако му љубоморите на најдобриот пријател кој со години работел напорно за да постигне нешто, тогаш веројатно проблемот е во вас.

Кога ќе ја почувствувате љубомората, потсетете се дека животот не е натпревар и секој се движи со свое темпо.

„Дали е во ред да излажам некој за да добијам нешто што сакам?“

Ако одговоривте „да“, тогаш можеби сте манипулатор.

Одвреме-навреме сите кажуваме по некоја лага, но ако често ги лажете луѓето, дури и саканите, за да добиете нешто, тогаш всушност ги манипулирате.

Кога ќе забележите дека го правите ова, запрашајте се која ви е крајната цел и дали вреди да искористите некој.

7-prashanja-so-koi-kje-otkriete-dali-imate-nekoja-toksichna-karakteristika-02.jpg

„Дали постојано имам ’црни‘ мисли (и често ги споделувам со другите)?“

Ако одговорот е „да“, тогаш можеби се соочувате со хронична негативност.

Да, околу нас се случуваат многу лоши нешта, но има и бројни убави работи.

Некогаш не можеме да го игнорираме лошото, но многу почесто имаме избор да се фокусираме на доброто.

„Дали често ги терам другите да прават нешто што јас сакам?“

Ако одговорот е „да“, тогаш сте премногу доминанта личност.

Веројатно правите сè во ваша моќ за да натерате некој да направи нешто што вие сакате.

Или, можеби сакате вие да бидете главните и лидерот во секоја ситуација или го игнорирате туѓото мислење.

Мора да научите да бидете поскромни и да поработите на вашето его.

„Дали користам закани, па и насилство за да ги постигнам моите цели?“

Ако одговорот е „да“, тогаш веројатно имате проблем со агресија.

Гневни сте кога нема да добиете нешто и неретко сте агресивни ако некој не направи нешто што сакате вие.

Мора да научите да го контролирате гневот и кога мислите дека ќе „избувнете“, вдишете длабоко и добро размислете пред да кажете нешто.

7-prashanja-so-koi-kje-otkriete-dali-imate-nekoja-toksichna-karakteristika-03.jpg

„Дали уживам кога предизвикувам конфликти меѓу пријатели и членови на семејството?“

Ако одговорот е „да“ тогаш вие сте личност која сака драми и сплетки и ужива во мизеријата на другите.

Веројатно сакате и да озборувате и обично не ги земате предвид туѓите чувства.

Со ова им штетите на саканите, а и постепено ги губите.

Па, следниот пат кога ќе сакате да се замешате во некоја „манџа“, размислете двапати.

„Дали ми е тешко да се поврзам со другите и се плашам да бидам ранлив/а?“

Ако одговоривте „да“, тогаш вие сте емоционално недостапна личност.

Страв ви е да бидете отворени и мислите дека секој ќе ве повреди.

Тешко ви е да споделите нешто лично со најблиските.

За да го надминете ова, мора да бидете трпеливи бидејќи нема да се промените преку ноќ.

Пробајте постепено да бидете поотворени со најблиските личности и не заборавајте дека ранливоста не ве прави слаби.

7-prashanja-so-koi-kje-otkriete-dali-imate-nekoja-toksichna-karakteristika-04.jpg

Што да правите ако забележувате токсични карактеристики кај себе?

Најпрво, огромен чекор напред е да си признаете дека имате една или неколку токсични карактеристики.

Следно, можете да се запрашате зошто се оценувате така – дали има конкретна причина за вашето токсично однесување или го правите тоа несвесно?

Добро би било да почнете да водите и дневник за полесно да забележите во кои ситуации се истакнуваат вашите токсични особини.

Исто така, работете и на контрола на емоциите со вежби за релаксација, како медитација.

На крај, мора да преземете одговорност за вашите постапки и самите да си признаете дека сте ги повредиле луѓето околу вас.

Можеби ќе треба и да им се извините на некои луѓе.

И, секако, не заборавајте да си простите и да продолжите да работите на себе.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg