8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност)

Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече од лоша ситуација и животот веднаш ќе ви стане поубав.

8-soveti-da-prestanete-da-se-plashite-od-samotijata-i-da-porasnete-kako-lichnost-dodeka-ste-sami-01_copy.jpg

Понекогаш, најдобриот начин да созреете и да научите нешто е да бидете сами.

Па наместо да се плашите од самотијата (и осаменоста) извлечете неколку важни лекции кои ќе можете да ги применувате и подоцна во животот.

Иако ова може да ви звучи страшно, во реалноста и не е толку тешко да го постигнете, само ако сакате. 

Кои 8 работи треба да ги знаете?

1. Ако не можете да сфатите кој сте, сфатете кој не сте и каков човек не сакате да бидете.

2. Во трката да најдете луѓе кои ќе бидат покрај вас, внимавајте да не се загубите себеси.

3. Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече од лоша ситуација и животот веднаш ќе ви стане поубав.

Тоа се само бајки. Вистината е дека треба да се спасите сами себеси.

8-soveti-da-prestanete-da-se-plashite-od-samotijata-i-da-porasnete-kako-lichnost-dodeka-ste-sami-02.jpg

4. Најстрашната работа кога ќе се погледнете во огледало е да не ја препознаете личноста во која се претворивте низ годините.

Затоа, дајте сè од себе за повторно да станете личност што вам ви се допаѓа, да се сакате самите и да бидете задоволни од она што го гледате во огледалото.

5. Љубовта кон себе значи дека ќе се прифатите со сите свои убави и темни страни.

Ако се сакате себеси нема да се плашите да се трансформирате и да ги претворите сите мани во доблести, наместо да ги криете за никој да не може да ги види.

6. Ќе има денови кога ќе ви недостига „стариот/а јас“, повеќе отколку кој било друг човек што бил дел од вашиот живот. И тоа е во ред.

7. Ако не знаете каде сакате да одите, никогаш нема да стигнете таму.

Поставете си цели и обидете се да ги постигнете.

8. Не се повредувајте себеси за да ги задоволите другите.

Не дозволувајте да ве газат, омаловажуваат. Еден ден ќе бидете толку повредени, што нема да ви биде лесно да се излечите.

Извор / фото: Freepik.com

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg