Импресивни животни со неверојатни достигнувања во своето постоење
Сите животни - без оглед на обликот или големината - се прекрасни. Но како што вели легендарниот автор Џорџ Орвел, некои животни се подобри од другите. Можеби вашето милениче може да направи неколку трикови, но животните за кои ќе пишуваме постигнале неверојатни работи, што дури и луѓето би им завидувале.
Тука зборуваме за животни кои постигнале политичка моќ и кучиња кои станале меѓународни ѕвезди.
Од херојските примати до витези пингвини, прочитајте нешто повеќе за овие импресивни животни.
Пингвин витез
Светот е полн со императорски пингвини, но само еден пингвин досега ја добил титулата витез. Таа чест оди до Нилс Олав од зоолошката градина во Единбург.
Приказната на Олав започнува во 1972 година, кога беше усвоен од норвешката кралска гарда како симболичен гест меѓу Норвешка и Шкотска. За жал, оригиналниот Нилс почина во 1987 година, па гардата посвои нов пингвин, Нилс Олав II. Овој пингвин во 2008 година стана витез.
Бабун железничар
Општо земено, мајмуните не треба да бидат вклучени во јавниот превоз, но бабунот Џек е исклучок.
Во 1880-тите, Џек бил купен од човек наречен Џејмс Един Вајд. Овој човек работел како железнички сигналист, иако ги загубил нозете во несреќа. Поради тоа Џејмс го обучил Џек да го турка во количка. Тој, исто така, го научил својот другар да ја одржува куќата чиста, но најголемото остварување на Џек било управување со целата железничка станица.
Куче кое стана холивудска ѕвезда
Холивудската патека на славните ги содржи најголемите икони во историјата на поп-културата…и не сите се луѓе.
Меѓу сите човечки имиња, постои ѕвезда посветена на Рин Тин Тин, германски овчар кој порано бил голем актер. Кучето својата прва улога ја добива во 1922 година, играјќи волк во „The Man from Hell’s River“. Рин Тин Тин има глумено во вкупно 27 филмови, а критичарите ги фалеа неговите неверојатни „актерски способности“.
Всушност, се вели дека филмовите на Рин Тин Тин биле толку популарни што наводно ги спасиле браќата Ворнер Брос.
Свиња номинирана за претседател
Од Џорџ Вашингтон до Доналд Трамп, секој американски претседател имал нешто заедничко: сите биле човечки суштества. Но, во 1968 година главниот командант можеше да биде свиња, благодарение на Меѓународната младинска партија, т.е. Yippies.
Се работи за контракултурна група која користела бизарни работи за да го привлече медиумското внимание.
Затоа, во 60-те години ја номинирале својата свиња за претседател. Сепак, оваа кампања не траела долго, а некои членови на групата биле уапсени поради „суровоста кон животните“.
Ашера | Црнобело