10 нешта што можете да ги правите наместо проверување на телефонот
Живееме во ера кога комуникацијата е побрза и поефикасна од кога било. Пишуваме СМС, одговараме на пораки на Фејсбук и сме активни на сите социјални мрежи.
Затоа воопшто не е чудно што мобилните телефони ни се „залепени“ за рацете.
Во просек, ги проверуваме на секои 15 минути, а не ни забележуваме дека веќе сме до толку зависни од нив. Оваа навика тешко се искоренува, но не е невозможно.
Еве што се можеме да правиме наместо да рефрешираме на секои 15 минути:
1. Излезете надвор
Јапонците практикуваат секојдневно поврзување со природата, што значајно го намалува покачениот кортизол и го контролира крвниот притисок.
2. Обидете се да одгледувате градина
Домашната градина ќе ве направи среќни и продуктивни. Грижата ќе ви помогне повеќе да го цените животот.
3. Бојте боенка
Боенките за возрасни ќе ве релаксираат и ќе ви помогнат да го фокусирате умот.
4. Одете во маркет или на пазар
Пазарувањето за дома ќе го изостри вашиот мозок и ќе ги подобри менталните способности, бидејќи сте концентрирани на она што навистина ви треба.
5. Вежбајте
Некогаш навистина помага добро да се испотите. Ако можете и медитирајте.
6. Слушајте музика
И фокусирајте се и на текстот и на ритамот на песната.
7. Одредете временски период во кој нема да го проверувате телефонот
Од вас зависи колку време ќе трае тоа и колку ќе се придржувате.
8. Решете едно судоку
Најдете го во весник или списание, наместо тоа да го правите онлајн.
9. Проучете нова рутина за нега
Испечатете ги материјалите и посветете се на совладување на нов начин на нега и грижа за себе.
10. Читајте книга
Поставете си цел, без разлика дали е тоа број на страници или прочитани глави.
Е. Д. | Црнобело