Живееме во ерата на интернетот, научните и технолошките чуда во светот чии тајни се навидум откриени. Сепак, сè уште се фасцинираме од фантастичните суштества, митови и легенди, меѓу кои посебно место го имаат змејовите. Нивното присуство го наоѓаме во книги, компјутерски игри и филмови. Развојот на компјутерската анимација им овозможи на овие мистични суштества да летаат низ небото, да ги чуваат своите богатства и да се борат со храбрите херои. Додека западните култури во змејот гледаат страшно чудовиште, симбол на зли и мрачни аспирации, на исток, тој има многу позитивно значење.