Психолог тврди: „Мрзата е измислена“

Ако прокрастинирате и постојано ги оставате обврските за некој друг ден, престанете да се правдате пред себе со мрзливоста и откријте што точно ви ја убива продуктивноста.

psiholog-tvrdi-mrzata-e-izmislena-01.jpg

Често и на некој друг лесно му пресудуваме дека е мрзлив, без воопшто да размислиме дали зад таквата постапка се крие нешто друго. Поради тоа, прихологот Девон Прајс кој предава на универзитетоѕ Лојола, развил теорија дека мрзата воопшто не ни постои, туку е измислена од луѓето.

Мрзата не е реална

Она што го перцепираме како мрза, на пример пропуштање на крајни рокови, доцнење на работа и рутинско завршување на задачите, всушност и не е реално. Постојат неколку замки во карактерот на човекот кои влијаат врз тоа каков ќе биде неговиот перформанс на работа, па и во секој друг аспект на животот.

Слично е и кај студентите, кои колку и да се трудат, не го постигнуваат саканиот резултат. Она што го нарекуваме мрза, често е само симптом на нешто многу подлабоко и многу поскриено.

psiholog-tvrdi-mrzata-e-izmislena-02.jpg

Без судење

Ако престанете да им судите на другите, многу полесно можете да дојдете до решение на проблемот. Обвинувањето и надменото однесување предизвикуваат вина и срам, а тоа го прави прокрастинирањето уште полошо.

Затоа, наместо да пресудите, можеби е подобро да прашате и да добиете добро објаснување за таквото однесување.

Следниот пат, пред некого да етикетирате како мрзлив, подобро е да вложите повеќе енергија за да можете да откриете што го мачи, односно што лежи под таа мрза.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
6 луѓе кои ќе беа шампиони ако мрзеливоста беше спорт „Сопругот секогаш ги остава валканите чорапи кај ќе стигне, а кога ќе се исперат...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg