Како да се справите со оние кои прават да се чувствувате инфериорни?

Секој од нас познава барем една личност која за себе мисли дека е стручњак во секое поле. Секако, корисно е да имаме некој да нè советува, но некогаш тоа преминува во дрскост.

kako-da-se-spravite-so-onie-koi-pravat-da-se-chuvstvuvate-inferiorni-01.jpg

Таквата дрскост прави некои личности да се чувствуваат мали и помалку вредни, што се запрашуваат во кого всушност е проблемот. Ваквото однесување може да се јави во работниот колектив или пријателствата, но и во семејството или во врската.

Најлесното решение е ваквите луѓе да ги игнорирате. Кога забележувате дека некој го наметнува својот став, ја истакнува својата супериорност и притоа понижува и обезвреднува друга личност, потребно е да се повлечете. Дружењето со тие луѓе може да биде токсично и деградирачко за вас.

Најважно е вие пред самите себе да не ги доведувате во прашање своите способности. За да успеете да се справите со ваквите луѓе, потребно е да го разгледате проблемот на следниот начин:

Погледнете ги тие личности надвор од односот кој го имате

Издвојте ја личноста од вашиот однос и погледнете како се однесува кон другите. Така најлесно ќе можете да одлучите дали вреди да продолжи тој однос или треба да го неутрализирате.

Доколку ви создаваат сомнеж во себе и прават да се чувствувате помалку вредни, проценете ја ситуацијата и поштедете се од емоционално насилство и лошо расположение.

kako-da-se-spravite-so-onie-koi-pravat-da-se-chuvstvuvate-inferiorni-02.jpg

Погледнете се и себе на истиот начин

Не би ви било мило вие да сте ваква личност, па затоа треба навреме да процените дали можеби и вие кон некого така се однесувате. Сосема е во ред да имате верба во својата вредност, но која е користа ако со тоа нанесувате болка на некој друг.

Најлесен начин да се справиме со луѓето кои нè прават несигурни е да ја засилиме самопочитта.

Една личност не ве дефинира какви сте вие

Вистина е дека сме поранливи и повеќе значење даваме на критиките и на оние кои прават да бидеме инфериорни. Затоа, треба да тргнете од себе и да се запрашате зошто тоа толку влијае врз вас.

Исто така, подобро би било кога би ги игнорирале тие кои прават да се чувствувате лошо и би дале значење на оние за кои знаете дека ви мислат добро.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg