10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото)
„Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам онака како што мислев дека е најдобро“
За да го уредите (или трансформирате) домот, понекогаш ви треба професионална помош. Па, можеби ќе решите да ангажирате стручно лице, да гледате туторијали за уредување или ќе барате идеи на Pinterest... Но, факт е дека понекогаш, кога сами ќе го уредите домот по свој вкус и без ничија помош, тој за вас ќе се претвори во најпријатното катче на светот, кое зрачи со топлина.
Токму таква идеја имале и овие луѓе - да го трансформираат домот по свој вкус и да го претворат во место каде што ќе се чувствуваат убаво (што дури и нема да сакаат да излезат од дома).
Како ви се допаѓаат нивните идеи?
„Решив дека веќе никогаш нема да излезам од дома. Само ќе ја раскитувам и китам елката - погледнете колку е убаво“
„Прв Божиќ во мојот нов дом - зрачи со топлина, нели?“
„Се гордеам со тоа како самата го сменив изгледот на мојата стерилно бела дневна соба“
„Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам онака како што мислев дека е најдобро“
„Ја претворив работната соба во мое мало среќно катче“
„Сама го опремив моето мало студио“
„Мојата сопруга си уреди една соба по нејзин вкус и тука се ‘крие’ кога ѝ треба време само за неа“
„Неодамна ја купив мојата прва куќа и решив детето во мене да помогне со уредувањето. Па, така, сега имам спална соба која е за возрасни принцези“
„Првпат уредував ентериер и многу бев возбудена. Идејата ми беше собата да биде комбинација од две теми „плажа“ и „топлина“ и мислам дека успеав“
„Долго време ова беше грд и неискористен дел во мојата работилница, а сега е убаво средено работно катче за мојата сопруга“
А. Ј. | Црнобело