Кој бил Рагнар Лодброк, фиктивен лик или вистинска личност од нордиските саги?

Ако ја следите популарната ТВ серија „Викинзи“ веројатно се прашувате дали Рагнар Лодброк бил вистинска личност или измислен лик во серијата. Ако сте љубител на нордиските легенди, тогаш веројатно го знаете одговорот на ова прашање. 

Koj bil Ragnar Lodbrok fiktiven ili vistinski lik od nordiskite sagi 01

Според многу историски записи, Рагнар Лодброк бил викиншки лидер од почетокот на 9 век, за кој се тврди дека бил директен потомок на богот Один. Бил крал на Шведска и Данска и редовно ја напаѓал и ограбувал Западна Европа.

Еве што знаеме за Рагнар Лодброк:

Повеќето информации кои ги знаеме за Рагнар доаѓаат од Англо-саксонската хроника. Според француските историчари, Рагнар бил крал кој заедно со неговите синови безмилосно ја ограбувал Франција.

Тој бил татко на многу историски познати синови, меѓу кои се Ivar Ragnarsson, Björn Ironside, Halfdan Ragnarsson, Sigurd и Ubbe. Додека сите наброени се документирани историски личности, сè уште не може да се утврди дали самиот Рагнар бил реален и дали тој всушност бил нивниот татко.

Според англосаксонските и нордиските легенди, Рагнар стана популарен меѓу Викинзите кога имал 15 години, кога го добил својот прекар Лодброк (ова не е неговото презиме).

За да ја добие раката на принцезата, петнаесетгодишниот Рагнар мораше да ги уништи отровните змии, при што носеше одело од варена кожа и кал. Тогаш го добива прекарот Лодброк, што буквално значи влакнести панталони.

Koj bil Ragnar Lodbrok fiktiven ili vistinski lik od nordiskite sagi 03

Постојат две верзии на приказната за смртта на Рагнар. Во едната починал од смртоносна болест, слична на дијареја, веднаш по нападот на Париз.

Во втората, која може да се најде во многу други историски записи, како Англо-саксонската хроника за која генерално се верува дека е вистинита, Рагнар ја среќава смртта во рацете на неговите непријатели.

Според оваа верзија, на патот кон дома од Париз, Рагнар доживеал бродолом и завршил на брегот на Кралството Нортумбриа (денешна Англија). Во желба да се одмазди за сите напади, кралот Аел го заробил Рагнар и го фрлил во јама полна со отровни змии.

Легендата вели дека непосредно пред неговата смрт, Рагнар ја пеел нордиската химна и го предупредил кралот Аел дека неговите синови ќе го одмаздат.

Koj bil Ragnar Lodbrok fiktiven ili vistinski lik od nordiskite sagi 02

Неговото предупредување наскоро се реализираше. Големата армија, составена од Викинзи од Данска и Шведска, ја нападна Англија во 866 година. На челото на војската беа синовите на Рагнар, а кралот Аел бил убиен во нападот.

Влијанието на Рагнар врз Западна Европа продолжи и по неговата смрт. Околу два века по неговото владеење, некои од Викинзите (кои потекнувале директно од неговите синови) се населиле на западниот брег на Франција.

Овој регион го нарекле „Земјата на северњаците“, а се работи за денешна Нормандија.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg