Работи кои ќе ги разберат само луѓето кои сакаат да си посветуваат време на себе

Во модерниот свет во кој го живееме животот со динамично темпо, на сите ни е потребно време за себе.

raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-lugjeto-koi-sakaat-da-si-posvetuvaat-vreme-na-sebe-01.jpg

Сè почесто луѓето сфаќаат дека е потребно да си посветуваат време на себе, да го почитуваат личниот простор и да уживаат на свој начин, без да чувствуваат грижа на совест.

Не треба да чувствувате вина ако сакате да си поминете време само со себе и тоа не значи дека не ги сакате другите или не сте дружељубиви.

Луѓето кои знаат да си одвојат време за себе, ќе ги разберат следниве неколку работи:

1. Откажувањето на сите планови и закажување обврски за следната недела е најдобриот начин да се помине викендот.

2. Често се фаќате во ситуација кога единствениот изговор за тоа што не сакате да излезете е фактот што сакате да бидете сами.

3. Нема ниту еден човек на светот кој може да ви го задржи вниманието како добра книга, документарец или албум.

4. Пакувањето на најнеопходни работи и бегство во изолирана планинска куќа звучи многу подобро отколку одмор на плажа.

5. Не може да ги сфатите луѓето кои гледаат чудно во вас кога седите сами во ресторан или кафуле.

6. Врските се сосема во ред, доколку партнерот не е човек кој сака да биде 24/7 со вас.

7. Додека сите ваши пријатели се оптоваруваат со врски и со бракови, вие уживате во слободата.

8. За разлика од сите останати, вие обожавате врнежливи денови, бидејќи звукот на капките ве смирува и времето ви овозможува да останете дома и да го организирате времето на свој начин.

9. Секогаш се дружите со само неколку луѓе, не сакате гужви – колку поинтимна атмосфера, толку подобро.

10. Сакате да излезете на пијалак со пријателите, но подеднакво уживате и во квалитетно вино дома, сами, без никој да ви пречи.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg