5 јасни знаци дека ви е потребна детоксикација од социјални мрежи
За некои, присуството на социјалните мрежи е дел од секојдневната работа; за други тоа е само забава и релаксација.
Кој и да е вашиот случај, исклучително е важно да препознаете кога вашата „врска“ со социјалните медиуми ќе премине од авантуристичка во токсична и ќе почне да презема контрола врз секојдневното функционирање.
Доколку постојано чувствувате притисок да се претставите како совршени, да соберете што е можно повеќе лајкови и коментари на новата фотографија што сте ја објавиле или пак поминувате премногу време судејќи им на другите, запрашајте се дали можеби сте се „предозирале“ со Фејсбук и Инстаграм.
Во продолжение следат пет јасни знаци дека ви е потребна итна детоксикација од социјални медиуми:
Чувствувате болка во зглобовите, грбот или вратот
Дали некогаш сте имале болки во зглобовите, рацете, грбот или вратот? Одвојте малку време и затворете ги очите. Концентрирајте се на целото тело додека вдишете и издишете 5 пати.
Забележете дали имате болка или напнатост на одредени места од телото. Ова е еден вид на скен на телото за да воочите колку всушност го употребувате додека користите технологија.
Купувате работи, одите на одредени места и го менувате вашиот живот поради социјалните мрежи
Дали некогаш сте се почувствувале лошо или несигурно во себе откако сте поминале макар и 1 минута на социјалните мрежи? Дали забележувате дека сте љубоморни, депресивни или вознемирени додека разгледувате туѓи страници?
Дали сте поттикнати од мислењата, коментарите или фотографиите на другите луѓе на социјалните медиуми? Ако поголемиот дел од времето се споредувате со нив наместо да ги користите како инспирација, можеби е време да се запрашате каква корист навистина имате од вашите профили.
За да напишете објава потребни ви се повеќе од 30 минути
Објавувањето статуси и фотографии за некои луѓе е стресно - некои се плашат од мислењата на другите и впечатокот што ќе го остават кај оние на кои им се восхитуваат.
Други чувствуваат притисок секојдневно да бидат присутни на социјалните мрежи, и секоја своја активност во вистинскиот живот ја документираат единствено за да ја објават.
Ако е ова вашиот случај, запрашајте се од каде е потребата да се „разголувате“ пред другите толку често и на тој начин.
Вашите вообичаени потреби се далеку од исполнети
Колку време од денот навистина поминувате на социјалните мрежи? Има ли и други точки на вашата листа на обврски за кои никако не доаѓа време да ги шкртнете?
Кои цели си ги поставивте на почетокот на годината и колку од нив исполнивте? Запоставувањето на вообичаените потреби е симптоматично однесување.
Се чувствувате оддалечени од сопствената животна цел
Дали вашите профили на социјалните мрежи прават да сте среќни и инспирирани? Дали се тие коренот на вашите односи со другите луѓе? Каква улога имаат тие во постигнувањето на вашите зацртани цели?
Одговорите на горе поставените прашања не се наменети да ве убедат да заборавите на социјалните мрежи и да се отсечете од светот, туку да направите проценка и да ги преиспитате вашите вредности и потреби.
Колку и да се занимавате со вашето присуство на Фејсбук или Инстаграм, многу е важно да запомните дека вие сте многу повеќе од само линк на социјална мрежа. Вие сте во најмала рака неверојатно човечко суштество и на вредност ќе ви даде само она на кое што вие ќе му дозволите.
A. Ш. | Црнобело