Зошто добрите одговори ни текнуваат откако кавгата ќе заврши? - 5 прашања на кои никој не може да даде точен одговор
Понекогаш и возрасните имаат еднакво чудни прашања како и децата. Прашања коишто никој не сака да ги постави, а сите ги помислуваме. Како на пример, зошто кога помислуваме на одредена работа истата ја забележуваме на секој чекор, насекаде околу нас?
Дел од одговорите на овие необјасниви работи ќе ги прочитате во продолжение:
1. Зошто саркастичната реплика за време на расправијата ни текнува дури откако ќе заврши разговорот?
Овој феномен е опишан од филозофот Денис Дидро уште во 18 век и тогаш тој му го дал името „духот на скалиштето“.
На една вечерна забава тој имал расправија со соперник. Дидро бил толку возбуден што никако не можел да се сети како адекватно да возврати на нападите на соговорникот. Но, кога излегол на скалите да фати воздух, одличната реплика веднаш му паднала на памет.
Во стресни ситуации мозокот почнува да мисли по шема и ништо друго не ви паѓа на памет освен стандардните вообичаени одговори.
Во такви ситуации немојте да се плашите дека ќе кажете нешто погрешно, опуштете се и не барајте го совршениот одговор. Доколку се научите да не се вознемирувате за време на расправија, вистинските одговори ќе ви дојдат сами.
2. Зошто кога мислите на нешто, почнувате да ја забележувате истата работа на секој чекор?
На пример, сте решиле да купите црвени чевли и почнувате да разгледувате по излозите и забележувате дека има црвени чевли на секој чекор. Или пак сте помислиле на некој пријател што не сте го виделе одамна и тој следниот ден ви се јавува. Како да е некаква магија.
Сепак не е магија, туку мозокот запаѓа во стапица или под дејство на феноменот Бадер-Мајнхоф. Тоа е когнитивна дисторзија при којашто информацијата што неодамна сте ја забележале се повторува постојано.
Причината за ова е што мозокот е заложник на веќе подготвени инсталации. Оваа способност на мозокот е многу корисна за учење, кога лесно распознавате слични шеми, но има еден негативен ефект, односно прави да им придаваме премногу внимание на деталите и потоа ги наоѓаме овие шеми и таму каде што ги нема.
3. Зошто соседите над нас постојано тркалаат топки за куглање?
Животот во зграда знае да биде вистински тест за оние со осетлив слух. Со слабата звучна изолација дознавате повеќе за приватноста на соседите отколку што би сакале. Но, понекогаш слушате чудни звуци навечер, како да се тркалаат метални топки по подот.
Монтажните префабрикувани згради од бетонски елементи најчесто го испуштаат овој звук навечер преку летото. Во текот на денот структурата на зградата се загрева и малку се деформира, а навечер истата се лади и се враќа во нормала. Токму затоа вие го слушате овој метален звук на железото во бетонот.
4. Дали силиконските импланти ќе експлодираат во вселената?
Во раните 2000 години се рашири мислење дека силиконските импланти може да експлодираат во вселената и дека поради тоа нема да се примаат жени астронаути, па дури и дека жените со силикони што летаат со авион се во опасност заради разликите во притисокот. Ова, сепак, не е точно.
За да се случи вакво нешто астронаутот би морал да излезе гол во вселената, а во останатите ситуации како што се летање со авион или нуркање, ваквата опасност не постои. Понекогаш имплантите навистина може да се оштетат, но тоа не е заради разликата во притисокот.
5. Зошто храната ви се чини повкусна навечер?
Храната не станува повкусна навечер, туку нашиот мозок само го контролира чувството на глад и истото е зајакнато со тоа што не добиваме доволно задоволство од храната кога ја јадеме навечер.
Благодарение на лошото светло, храната изгледа помалку вкусна и мораме да изедеме повеќе за да се задоволиме. Исто така, нашите сетила се затапени, па кога јадеме автоматски внесуваме повеќе храна за да се задоволи потребата на телото.
(О)Милена | Црнобело