Ержебет Батори – крвавa грофица, вампир, убиец или жртва на своето богатство?

Опишана е како најопасен женски сериски убиец во историјата, но каде завршуваат фактите, а каде започнува фикцијата? Речиси е невозможно да се утврди. 

Erzbet Batori krvava grofica vampir ubiec ili zrtva na svoeto bogatstvo 01

Нејзината слава како легендарен вампир ја надмина само грофот Дракула. Родена во 1560 година, Ержебет била обдарена со изглед, богатство, одлично образование и општествена положба, како дел од семејството Батори кое владеело со Трансилванија како независно кнежество во рамките на кралството Унгарија.

Дали Ержебет Батори навистина мачела и убивала стотици невини млади девојки или моќните луѓе ги измислиле овие ужаси за да ѝ го одземат богатството?

Кога имала 11 или 12 години, Ержебет била верена за Ференц Надасди. Бидејќи социјално го надминала својот сопруг, го задржа презимето Батори. Младата двојка живеела во замоците на Надасди во Унгарија и Словачка, а бидејќи Ференц бил амбициозен војник и често патувал, Ержебет управувала со имотот.

Во 1602 почнаа да кружат гласини дека девојките, кои барале работа во замокот на Батори, исчезнувале. Се верувало дека грофицата ги мачела младите девојки, а откога Ференц почина во 1604 година, овие приказни стануваат подраматични.

Според сведоците, токму тогаш Батори почна да ги убива своите жртви. Првите жртви биле сиромашни девојки кои барале работа во замокот. Како богат благородник, Батори го избегнувала законот шест години, додека унгарскиот крал Матијас II не го испрати својот претставник, Турзо, да ги испита жалбите против неа.

Турзо собрал докази од околу 300 сведоци против грофицата.

Erzbet Batori krvava grofica vampir ubiec ili zrtva na svoeto bogatstvo 02

Според извештаите и приказните на сведоците, Батори ги мачела своите жртви со жешка пегла, им ставала игли под нокти, ги оставала да замрзнат, им ги шиела усните заедно...

Покрај овие ужасни обвиненија за насилство, понекогаш во приказните биле додавани и натприродни елементи. Па така грофицата стана канибал, а некои сведоци тврделе дека спиела со самиот ѓавол.

Сепак, најсериозното обвинение, она кое го инспирираше нејзиниот озлогласен прекар - крвава грофица, беа гласини дека Ержебет Батори е, всушност, вампир. Сведоците тврделе дека се капела во крвта на своите млади жртви, во обид да го задржи младешкиот изглед.

По сослушувањето на обвинувањата, Турзо конечно ја обвини грофицата Батори за смрт на 80 девојки. Еден сведок тврдел дека видел книга во која биле запишани сите имиња на нејзините жртви - вкупно 650. Но оваа книга никогаш не е пронајдена.

Erzbet Batori krvava grofica vampir ubiec ili zrtva na svoeto bogatstvo 03

Во секој случај, приказната за Батори не е толку едноставна. Некои унгарски научници велат дека овие обвиненија можеби биле повеќе мотивирани од моќта и алчноста на луѓето, отколку од нејзиното наводно зло.

Се знае дека кралот Матијас II должел пари на покојниот сопруг на Батори и дека не сакал да го плати тој долг, што можеби го поттикнало да ја инкриминира грофицата. Исто така, некои историчари велат дека сведоците сведочеле под присила и страв од смртна казна од страната на кралот.

Можеби, велат историчарите, вистинската приказна за Ержебет Батори повеќе изгледала вака: Грофицата поседувала стратешки важна земја. Како интелигентна, моќна жена која владееше без маж и како член на богато семејство, чие богатство го заплашуваше кралот, многу луѓе сакале да ја дискредитираат и уништат.

Во најдобро сценарио Батори ги злоупотребувала своите слуги, но не ги мачела садистички, во најлошото сценарио, таа била демонски убиец испратен од пеколот. И двете верзии прават добра приказна, дури и ако само едната од нив е всушност вистинита.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg